Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Фанови сме на најдобриот тим. Можеме да го победиме секого(само Челзи не, досега), играме најдобар фудбал и не треба да се буниме на судиски грешки. Ама, како да останеш со затворена уста, кога гледаш дека имало чиста ситуација барем за 1 пенал(има и уште дискутабилни) и еден неправедно поништен гол. Се тоа беше на наша штета.
Да, и на 6 мај 2009 во Лондон, на Стемфорд Бриџ не досудија најмалку 1 пенал за Челзи, ама и Абидал кај нас беше неправедно исклучен.

Сите оние кои пасете трева и пиете нафта, т.е. зборите дека голот за 0-2 беше офсајд, погледнете го видеото:
 
ццц која среќа ја имаа арсенал на крајот и они не се свесни, исто како лани не оштетија судиите (2 недосудени пенала, поништен гол заради офсајд, а уствари немаше никаков офсајд) како и да е јас верувам во Барса и немам никаков страв бидејќи сум 101% сигурен дека ќе им одржиме лекција на кампот, сеа нека летат у ваздух 3 недели оти ќе ги спуштиме на земја на 8ми март ;)
 
Не е битно дали имало пенал или не.
Јас имам впечаток дека Барса изигра себично (посебно Меси),
потценувачки и навистина лошо и заслужи да загуби.
Ако изигра барем слично на Кампот, заслужуваме да испаднеме.
 
Јас сум задоволен од резултатот и одиграното.

Ако морам да издвојам најслаба алка или виновник, тоа секако е Пеп. Не очекував таква замена, Виља->Кеита.. а паѓањето на играта по првиот примен гол мораше да го „ублажи“ со замена.

Убеден сум во пласман понатаму.
 
Луѓе не се нервирајте бе јас сум 100% сигурен дека одиме понатаму верувам во можностите на барселона

--- надополнето ---

golllllllllllll
arshavin scores and thats 2:1 for ARSENALLL
PRAJSLES

4orbe ne me nerviraj 4e te skinam na fax hehehehehehehe
 
Пеп згреши кога го замени Вила со Кеита..тука беше клучот за поразот според мене. Требаше Педро да излезе надвор затоа што ништо не изигра, а не Вила.
 
Пеп згреши кога го замени Вила со Кеита..тука беше клучот за поразот според мене. Требаше Педро да излезе надвор затоа што ништо не изигра, а не Вила.
Не требаше никој да излезе. Таман си беше до тогаш се функционираше перфектно, Арсенал топката неможеше да ја види. Незнам стварно шо му текна да ја прави таа замена.
 
Требаше Педро да го извади и да го убаци Адриано како крило а не Кеита, но џабе се потиме више се е излишно, да се надеваме на победа на Кампот.
 
Нема потреба да се бара виновник. Самите сме си виновни. Јас бев задоволен од играта се до 75 минута... после некако паднаа. Сепак не заборавајте, Барса е тим кој секогаш игра најдобро кога е најпотребно. Јас цврсто верувам дека ќе имаме огромна подршка од фановите на Кампот и дека одиме натаму.
 
Реално гледано ни треба еден гол да поминеме,и верувам дека на домашен терен против Арсенал (кој не верувам да се брани) ке дадеме гол без проблем.Но мене ме загрижува,нашата одбрана,односно да не примаме голови,Пиќе нема да игра , Пујол е под знак прашалник, а ако игра Милито ќе си кинеме живци 90 мин.Сепак верувам во Барселона! Верувам во Пеп! Visca Barcelona!
 
Тоа е тоа,изгубивме на овој меч,но ништо не е готово,има да се игра уште еден меч,во второто полувреме изигравме слабо,Пеп направи голема грешка кога го извади Виља и го внесе Кеита на негово место,Меси промаши 2 чисти шанси за гол и му поништија чист гол зашто немаше офсајд во таа ситуација,али тоа е,има да се игра уште еден меч..
 
Не дека ми е криво за голот, или дека се бунам, Арсенал си победија и им честитам... Него она што го знаев, но не сигурно, денес прочитав во поголемиот дел светски медиуми.... „Двајца играчи кои се наоѓаат од една страна пред голманот, а од друга пред играчите на спротивниот тим, можат слободно да си ја подадат топката без тоа да биде офсајд.... башка во овој случај Педро беше пред Меси“...


Но.... ... Нека остане на НО до 08.03 некаде пред полноќ :)

Xavi completed as many passes (116) as Cesc (38), Wilshere (42) and Nasri (36) together #fcblive [via fcbarcelona.cat]
 
Не дека ми е криво за голот, или дека се бунам, Арсенал си победија и им честитам... Него она што го знаев, но не сигурно, денес прочитав во поголемиот дел светски медиуми.... „Двајца играчи кои се наоѓаат од една страна пред голманот, а од друга пред играчите на спротивниот тим, можат слободно да си ја подадат топката без тоа да биде офсајд.... башка во овој случај Педро беше пред Меси“....

Ова правило е многу добро познато. Тука нема ништо ново. Голот си е чист.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom