Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Се кладиме дека летово Фабрегас доаѓа во Барселона??

Хаха не учевствувам во кладби, глупи ми се кладбиве на форум. Ама ќе ти ги памтам зборовите и ќе ти префрлам кога трето лето по ред нема да го добиете :)
 
Ајде бе реално да правиме муабет.
Зошто да стануваме Реал 2 дел??? Зошто ни е Фабрегас. Остај го на Арсенал единствена надеж им уште да им го земеме. Ги имаме Чави, Иниеста, Афелај и Тиаго во средина за шо ќе ни е и Фабрегас. Единствено логиќно објаснување за Фабре ми е дека Росел сака да остане запаметен по нешто, нешто по што ќе се кажува за него дека го вратил Фабре назад во Каталонија. Ама ако го земеме Фабрегас Тиаго нема да добива никаква шанса, Афелај ќе треба да ротира само со Педро (никогаш нема да заигра во средината), а Фабрегас ќе треба само да ја грее клупата и да игра евентуално во Купот и кога некоја од Иниеста/Чави биде повреден, оти да се раздвои двоец како нив е греота стварно, а Пеп не е таква будала па да ги раздели нив оти и смаиот е свесен колку тоа они двајца се читаат меѓу себе.
Фабрегас да се донесе ДА, ама здравје за 2-3 години кога Чави веќе нема да може да го издржи темпото на натпревари.
 
Фабрегас исто така може и да ротира со Иниеста немора да биде строго замена за Чави. Средината би била Иниеста, Чави, Фабрегас, Тиаго како организатори, Маскерано, Кеита и Буски рвачи, Афелај/Педро да се ротираат на крила.

Сезонава имаме премал тим само 19 првотимци и 3-4 младинци.
И среќата е на наша страна нема посериозна повреда до сега, дај боже и да нема.

Ја сум за да се донесе Фабрегас само не по астрономска сума, нормално за таков играч треба да се фрли пара само да не биде над 35 милки :)
 
Ќе можеме да играме секоја утакмица со нов состав. Една утакмица ќе одиграат Чави-Иниеста-Бускетс, една Чави-Фабре-Бускетс, една Иниеста-Фабре-Маскерано, Афелај-Кеита-Бускетс и сл.
Само е прашање на време кога ќе се врати Цеск, сакале или не.
 
Факт е дека Цеск ќе дојде, само прашање на време е кога... дали ни треба или не, ќе одлучи стручниот штаб. Кога ќе игра и кога ќе седи на клупа ќе одлучи Пеп и дали ќе има профит и колкав ќе биде истиот е задача на Росел. Џабе ни е ако правиме сега милион калкулации кога на крај, ќе излезе нешто сосема трето.

Го пропуштив првиот натпревар од оваа календарска година против Леванте, затоа нема да го коментирам, ќе кажам само честито победа и нови 2 гола на Педро. Оној против Билбао го гледав и sweet mother of Jesus Christ, изгинаа на терен играчите на двата тима. Сите до еден играа со срце, овие од Билбао излегоа супер мотивирани, желни за победа... одличен натпревар, неизвесен до крај. Машки натпревар. Поминавме натаму (иако не победивме), во еден, пак ќе кажам одличен натпревар. Тоа заслужува пофалба. Можеби резултатот требаше да биде друг, можеби требаше да дадеме уште еден - два гола (Виља имаше шанса во 89 да стави точка), али шта је ту је.

П.С. Ова ми е прв пост во 2011 година, воедно им ја честитам новата година и Божиќните празници на сите членови на фан клубот.:smir:

--- надополнето ---

Asi;, el Barcelona juega con Valdes; Adriano, Pique, Puyol, Abidal; Keita, Mascherano, Iniesta; Messi, Villa y Pedro.

Еве го официјалниот :)
 
Чави и Дани???
Повредени, одмараат или нешто трето??
 
Ни Чак Норис не знае со кој состав ќе излезе Пеп. :nesvest:

--- надополнето ---

Еве кои се на клупата: Pinto, Alves, Busquets, Xavi, Thiago, Afellay, Bojan.

--- надополнето ---

Еве какво е на Риазор:
scaled.php

scaled.php
 
И јас ќе кажам едно големо НЕ за Фабре.. но ние не сме да кажуваме кој треба да се донесе а кој да се продаде.. тоа е работа на стручниот штаб ! Ние сме должни да навиваме и да го цениме нашиот клуб, кој ќе дојде нека дојде важно е да освојуваме титули.. составот го прави Пеп тој нека си се снаоѓа како ќе го прави.:)
Со оглед на повредените играчи што ги има Депортиво не ми претставува некој голем проблем да не си отидеме дома со полн плен..
 
Иначе, гледам никој не спомна дека Барса Б загубија од Гирона на домашен терен, 1-2. :toe:
 
Ваква досадна утакмица нема ни во прва македонска лига. :tapp:
Ако има правда во фудбалот, Депортиво ќе игра во втора лига.

--- надополнето ---

И сето ова зачинето со слепи судии. И после Абидал не постигнувал голови. Да ти ибам и шпанска федерација и се.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom