Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Не знам дали си фан на Ливерпул. Ако да, каков е играчов? Прв пат слушам за него.
Важеше за голем талент. Доби шанса во сезона 2022-23 и беше одличен кога и да играше, па после се повреди и го пропушти крајот на таа сезона како и цела ланска сезона. Не знам каков ќе биде после повредата ама потребно му е да игра.
Е сега има еден проблем, не е 6ка. Некој микс помеѓу 8 и 6 би рекол.
Последно беше пред позајмица во Салцбург, не знам од каде испадна Барселона сега. Веројатно да закрпите за детево што се повреди. Ако ја врати формата од тогаш, топ играч ќе испадни. Ама година и кусур неиграње.......
Автоматски споено мислење:

Прашање е и од дома дали имаат слушнато за него :ROFLMAO:
Како бе ти да не си запозната со шпански таленти?
 
Од каде овој Шпанец богати
А и слабо следам играчи од академија
 
Во наредните 3 дена работата ќе биде дај шта даш. Ако не земат ништо ќе промовираат некој од Барса Б.
 
4 милиони за Бајчетич :facepalm:

Прво, склон е на повреди како сите наши фудбалери, второ нема искуство, трето не е ДМ!

Подобро Касадо да си го игра, барем да не фрлаат пари.
 
Според мене, иако тешко изводливо, да донесат некој поискусен ДМ. Ако промовираат пак некое дете од резервната екипа, има шанси пак да видиме повреда поради немањето искуство.
 
Трансфер рокот уште два дена, според ова што го гледаме дефинитивно управата нема во план да се бориме за титули
 
Ништо не правиме другари. Не ја бива работава. Колку и да сме талентирани, нема шанса овој ростер да истера на сите фронтови. Изгледа сме во многу поголеми срања од што се прикажува... и тоа трае, предолго трае
 
Се чукавме во гради дека сме клуб на навивачите, на социосите, ама сега поарно некој шеик да го купи клубов или некој амер, то е реалноста во денешно време.
 
има некој да извади точно колку пари се трошат на плати споредбено со другите топ клубови?

па да видиме колку се заостанува реално,а не само нема пари дрн дрн

составот е костурот на шпанската репрезентација(нека ме потсети некој што освои последно) плус араухо,лева,де јонг,тер штеген......

годинава под флик и со здрави играчи со полураспаднат реал со тоа што нема да состави за брзо силен среден ред каков што го имаше со модрич и крос во топ форма,ла лига се смешка и не би требало да има проблем да се освои
 
има некој да извади точно колку пари се трошат на плати споредбено со другите топ клубови?
Моментално освен де Јонг и Левандовски мислам дека никој друг не зема превисока плата.
Проблемите кај нас се акумулирани со години наназад, затоа се уште не можеме да се опоравиме. Веќе трето или четврто лето како не можеме да работиме според правилото 1:1 (колку земаш, толку можеш да трошиш), туку работиме според некои чудни правила, пример за да потрошиш 50 милиони треба претходно да инкасираш 150.

Проблемот е што никој не ја кажува реалната ситуаиција, туку сите даваат некоја лажна реалност, демек само што не сме почнале да функционираме како што треба. А, реалноста е дека и оваа сезона ќе се тера со тоа што се може, а не со тоа што е потребно.
 
Па споредено со Атлетико скоро дупло трошите на плати годишно, споредено со ете еден Билбао тродупло.
Реал дава најповеќе на плати ама тие се машинерија за пари така да нив ги тргам настрана.
Проблемот и кај Барселона и кај Атлетико е подлабок, не само плати, тука клај и испаѓањето во рана фаза во ЛШ, договори со спонзори и други ствари нам помалку познати.
 
Пред 5 години бевме број 1 клуб шо трошеше на плати, денес не сме ни во топ 10. На добар пат сме, али ако сакаш да останеш конкурент мораш да трошиш.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom