Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Остајте море...ќе го јадеме бидејќи нашите се допингувале...лелее...како е можно да ги тепаат сите екипи по ред,дури на Мадрид 5-ица им дадоа...е не може вака мора допинг да земаат!!!
 
Остајте море...ќе го јадеме бидејќи нашите се допингувале...лелее...како е можно да ги тепаат сите екипи по ред,дури на Мадрид 5-ица им дадоа...е не може вака мора допинг да земаат!!!


Pa im pravea testovi ... rezultatite ke pokazat deka se e cisto :))
 
Луѓево, треба секое коло да ги проверуваат, затоа што секое коло тепаме и секого тепаме... сигурно е допинг. хаха :)
 
Среќен роденден, легендо!
0-ronaldinho-rosell-laporta-chelsea-barcelona.jpg
 
Среќен роденден Рони мајсторе.

Иначе, Меси со асистенцијата во саботата стигна до 17 асистенции во Примера и со тоа го урна рекордот на Чави од 16 асистенции во сезона 2008-2009, плус има уште 9 кола до крајот на пренството.
Во сите конкуренции Меси има вкупно 21 асистенција сезонава. :icon_lol:
 
21 Март официјален ден против расизмот.

 
Среќен Роденден Дињо, никогаш нема да ја заборавам неговата креативност во фудбалот! :zver:
 
До дуелот со Виљареал има време за сите играчи кои имаа ситни повреди да се вратат во комплетна форма, иако лошо е што Чави ќе фали токму на овој меч. Неговата реакција откако го доби картонот покажа дека и самиот е свесен дека многу ќе значи неговото отсуство.

Овој меч секако е еден од трите најтешки до крај на сезоната и е важно да се добие за во Клаиското да се влезе со +5 бода (ако нема некое друго изненадување во меѓувреме).
Потоа дури и најлошото сценарио (пораз од Реал) би значело дека до крајот Барса ќе мора да киксира уште најмалку еднаш, а Реал да победува се, а знаеме какви гостувања имаат.

Така да мислам дека наредниве кола може да донесат сигурност за титулата.
 
Нека му е среќен роденденот на Роналдињо. Никогаш нема да имам поомилен фудбалер од него. Му посакувам се` најдобро у иднина :)
 
Среќен Роденден Дињо, никогаш нема да те заборавам, ти си и ќе останеш еден од најомилените фудбалери што некогаш сум ги знаел, ќе има што да им расправам на внуците и на децата кој фудбалер ми бил најомилен и најдобар во тоа време.. ти си единствениот фудбалер што си заминал од Барса на кој сум леел дробни солзи..:( Среќен Роденден Дињооо и никогаш нема да те заборавам ! ! ! :(

ronaldinho1_03.jpg
 
Ако изгубиме против Реал тоа ќе бидат -2 бода. Шо значи на Реал ќе им требаат два наши кикса (под замислено дека првиот нема да биде пораз), за да не стасаат оти искрено не ми се верува дека ќе не тепаат со 6-0 , па на меѓусебен дуел да ни ја земат титулата. Од тоа Ел Класико ако излеземе со нерешено јас би бил презадоволен, оти со тоа 95% од работата ќе биде завршена само ќе треба паметно да се изигра до крај и без нервози. Ама прво Виљареал и Алмерија, па двете утакмици со Шахтјор па тек после тоа можеме да зборуваме за Реал и да ги правиме потребните математики.
П.С. Јас сум скоро сигурен дека Реал кикснува со Севиља. Лани успеаа да ја свртата од 2-0 на 3-2, ама годинава мислам дека нема да успеат. Отсекогаш Реал имал проблеми со Севиља на Санчез Писхуан.
 
Рокица, one of the greats !

Секоја утакмица беше приказна сама за себе... спомени, спомени... :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom