Ако изгубиме против Реал тоа ќе бидат -2 бода. Шо значи на Реал ќе им требаат два наши кикса (под замислено дека првиот нема да биде пораз), за да не стасаат оти искрено не ми се верува дека ќе не тепаат со 6-0 , па на меѓусебен дуел да ни ја земат титулата. Од тоа Ел Класико ако излеземе со нерешено јас би бил презадоволен, оти со тоа 95% од работата ќе биде завршена само ќе треба паметно да се изигра до крај и без нервози. Ама прво Виљареал и Алмерија, па двете утакмици со Шахтјор па тек после тоа можеме да зборуваме за Реал и да ги правиме потребните математики.
П.С. Јас сум скоро сигурен дека Реал кикснува со Севиља. Лани успеаа да ја свртата од 2-0 на 3-2, ама годинава мислам дека нема да успеат. Отсекогаш Реал имал проблеми со Севиља на Санчез Писхуан.