Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
@The Shadow Walker, во право си дека со реконструкција на тимот вакви резултати се нормални и да не се надеваме многу на трофеи, ама вакви мртви Реал и солидни Атлетико (иако гол разликата им е 18:2) треба да земеме Ла Лига или Куп, не треба да се откажат уште во 8мо коло.
Во лига шампиони нема што да се надеваме, има таму далеку поспремни екипи.
Моментално во домашно првенство не можеме 2 победи поред да сврзаме, се надевам ќе биде подобро.
Послаби сме и од двата тима, чудо ќе е да освоиме нешто. Во лигава треба да ги тепаш малите екипи, но после повредата на Фати отпадна секоја надеж. Сега нападот се состои од 4 исти играчи, Меси, Гризман, Кутињо и Педри, сите овие се за една позиција. Единствен различен е Дембеле. Со ваков напад нема теорија да ги совладуваш лесни малите екипи.

Во ЛШ се надевам ќе отпаднеме од некој тим на слично ниво, бидејќи не би сакал пак да видам тежок дебакл.
Автоматски споено мислење:

Роберто два месеци во аут, Пике најмалку четири. :( Нема крај на проблемите...
Еве шанса за Араухо и Дест, нека се покажат.
 
Последно уредено:
Овој Дембеле ти е тежок пациент. Од каков пад се повреди, Бог да чува.
 
Овој Дембеле ти е тежок пациент. Од каков пад се повреди, Бог да чува.

Мене па незгодно ми се виде дека падна, плус го тегнеше тој од Атлетико, слично како Салах со Рамос дуелот, ама не со тој интензитет. Инаку, доста слабо засега, до некаде и очекувано, иако можеше бодовното конто да биде и повисоко затоа што неколку утакмици нијанси одлучуваа. Премногу некомпатибилен состав има, никаква поврзаност и хемија помеѓу играчите, страшно какви утки се правеа изминативе сезони. Нападот никако да го склопиш за сите да се среќни и задоволни, а згора на тоа трпи средината со двајца играчи и некако прелесно губиме контрола. Недостига и креативност и напаѓачки движења и уфрлувања, Ансу Фати беше единствен што знаеше да се впушти во простор позади одбрана, Гризман се труди ама некако не се поклопува со тајминзите и движењата со останативе. Мислам дека треба да се проба со 4-3-3, да се зацврсти средината, шанса во таква ситуација би добил и Рики, жал ми е за детево после настапите на крај на сезона лани ваков третман да добива.. Единствено позитивно во моментов е што има млади играчи што ветуваат и врз кои може да се гради иднина, Де Јонг, Дест, Фати, Араухо, Педри, плус и Рики и Тринкао би ги додал.. Секако титула не ни помислуваше некој после дебаклот и се што се случуваше во клубот, ама жално е со ваков Реал да не може да се носиме.
 
Без Месиу Киев,редно беше да одмори малку да си среди психата,и нека вежба поке шутирање
 
И без Де Јонг. Ова ме изненади малце ама и тој прегоре од играње па нека одмори малку. Очекував Куман пак да го игра стопер утре па затоа сум изненаден. Ама ајде, долг пат, не многу битен меч, ни треба само бод. Може да се прават експерименти со составот.
 
Иаме 9 бода и дома играме со Јувентус, така да оправдано. Скроз втора постава нека извади, и да изгубиме не е страшно.
 
За мене ова е очекувано, пишав многупати пред сезоната да почне. Почнавме со реконструкција на тимот и ваквите резултати се нормални, да не заборавиме колку е закаснет ребилдот и почнат во ваква криза кога се нема пари за соодветни замени. Не може да помине без последици тоа, крупни грешки се правени години наназад. Кога би имале добра финансиска состојба многу полесно би оделе промените, да се надеваме дека за скоро со вакцините ќе биде ставен крај на пандемијата и клубот ќе се крене финансиски.

Не можеме моментално да се носиме со најдобрите тимови, особено напаѓачки сега без Ансу и со најслабиот Меси во историјата. Но, не сме многу далеку од Реал и Атлетико, нијанси одлучуваа во двата дуели, не фрчеа шанси пред наш гол и двата дуели ги изгубивме поради послабиот напад. Штета што цела вина ќе му биде препишана на Куман, а најмалце е крив за ситуацијата, максимум вади со составот што го има, но ваљда знаеше дека ова го чека кога ја напушти Холандија. Можеби не до тој степен дека Меси ќе изгледа како Брејтвејт, дека нема да се има денар за Депај, Вајналдум итн, ама сепак би требало да е свесен дека се качи на бродот што бајаги беше потонат.
Кажано све од А до Ш точно и на место
 
Прв пат добар состав да извади Куман. Без Гризман и Алба.

И со ваков состав не очекувам да изгубиме.
Све без примен гол ќе е ок.
 
Често пати зборував оваа сезона за Меси дека ајде можи пад на форма,разочаран,нема со кого да игра поготово сега кога се повреди Ансу,АМА дали е стварно така или веќе е со мислите во Сити,дечкото ја игра најслабата сезона воопшто? Немањето 9-ка, си го прави своето,Тринкао неможи психички да се сноси со притисокот.Куман има доста кривица,форсира 4-2-3-1,а гледа дека дува промаја многу,поготово со Дембеле кој ништи не му оди од рака.Одбраната не се коментира,не го сфаќам Куман со упорното форсирање на Роберто бек,а треба многу повеќе шанса да добива Дест,Ленглет чист просек,Алба и се и сешто.
 
Составот ми личи како да играме меч од летна турнеја во САД. :) Ама сосема океј е за вечерва. И јас не очекувам да изгубиме. Мислам дека ако падне рано гол ќе тепаме минимално. Убаво ќе биде на две кола до крајот веќе да обезбедиме 1/8 финале.
 
Стартниве 11 вечерва мислам дека ќе покажат подобра игра од пола состав со првотимски статус
 
Посед, пресинг, враќање изгубени топки, кратки пасови, комбинирање добро е, ама премалце шутеви.
Дембеле да влезе наместо Тринкао поопаана ќе е десбата страна.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom