Малце апдејт на состојбата во клубот, конечно работите почнаа да добиваат расплет, бавно, со ползење но оди некако. Толку е и капацитетот на управата, после сите раздори и скандали добро е и толку што средија.
Отстранети од тимот се 3 од 4 играчи кои ги побара Куман, плус неочекувано за мене Семедо, а претходно Артур. Умтити не може да биде продаден и ќе остане, а на трансфер листа се уште Рафиња и Тодибо, кои денес не тренираа со тимот и јасно е дека не се рачуна на нив во следната сезона. Исто и на Матеуш Фернандеш не се рачуна, немам инфо дали ќе е продаден или во Б тимот ќе остане.
Од засилувања кои што ги побара досега не му е исполнета ниту една желба, најблиску до остварување е Дест, додека сигурно нема физички јак везњак да добие којшто го бараше, поточно нема да го добие Вајналдум. Другите две желби му се стопер и напаѓач за кои се надеваме дека клубот ќе му ги донесе. Гарсија и Депај се први опции за таму, ако не успеат нив не би сакал некој нов Брејвејт да донесат во името на Стуани или слични, подобро да не се носи никој ако не можеш ништо квалитетно да земеш, туку да се остави тоа да го направи новата управа.
Новите играчи во тимот ги добија броевите и сега веќе знаеме кој ќе е дел од прв тим, а кој како дел од вториот ќе може да настапува за првиот. Пјаниќ 8, Тринкао 17 и на мое, а мислам и на ваше позитивно изненадување седумнаесетгодишниот Педри број 16. Куман го препознал талентот во него и на тие години е спремен да помогне на тимот како и Ансу Фати. Вратените од позајмица исто добија броеви, Алења 6, како што и најавија медиумите Куман е импресиониран од него и му се вклопува во системот и Кутињо 14.
Рики доби број од вториот тим и засега таму ќе е регистриран, исто и Араухо и Миранда како дел од вториот тим ќе се водат. Ако замине Рафиња, неговата 12ка ќе ја добие некој. Слободни исто се број 2 и број 9.
Тимот од безмалку 30 години просечна старост дојде на 25.6, а ако дојдат Дест и Гарсија, ќе падне уште.
Голман: Штеген, Нето, Пења
Десен бек: Роберто, Дест?
Лев бек: Алба, Фирпо, Миранда(Б)
Стопери: Пике, Ленгле, Умтити, Араухо(Б), Гарсија?
Среден ред: Бускетс, Де Јонг, Пјаниќ, Кутињо, Алења, Педри, Пуиг(Б)
Напад: Меси, Гризман, Дембеле, Фати, Тринкао, Брејтвејт, Депај?