Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Хронични повреди се веќе ова, не знам дали ќе може тоа да го средат преку летово, ако не нема иднина за него во клубов. Него кој би го купил ваков стаклен, ќе мора за некоја мизерна цена да го шитнат.
Можеби треба Меси да му даде контакт од оној неговиот нутриционист од Италија
 
Можеби треба Меси да му даде контакт од оној неговиот нутриционист од Италија
Не ми се верува дека е до исхраната проблемот, се пишуваше уште пред некоја повреда дека со нутриционисти ќе го средуваат. Но, ако беше така и Вермален ќе се опоравеше и еден куп други играчи со исти проблеми, претешко е да се верува дека ќе престане да се повредува.
 
Супер утакмица за Вагуе, Тодибо, Пуиг и Алења. Малком исто не беше лош.
Умтити и Артур не ги спомнувам, нив ги рачунам за првотимци.
Имаме супер младина за дефанзива и среден ред, ама напред сме очајни. Мора да се поработи на офанзивата. Плус со вакви Кутињо и Дембеле кој повеќе е повреден и не може да влезе во форма не знам што ќе праиме после Меси.
Летово нема да е лошо и да се откажеме од Де Лигт пошо веќе имаме 4 одлични штопери. Да се донесе само еден лев бек за ротација речиси без пари, и да се пренасочиме на крило и 9ка.
 
Ол ин за Мбапе, не гледам друга замена. До 250-260 милиони вреди да се искешират за Мбапе, али тешко дека арапот ќе го пушти. Освен да му се понуди огромна плата па да прави и он притисок, мада тешко изводливо.
 
Ол ин за Мбапе, не гледам друга замена. До 250-260 милиони вреди да се искешират за Мбапе, али тешко дека арапот ќе го пушти. Освен да му се понуди огромна плата па да прави и он притисок, мада тешко изводливо.
Според Мундо Депортиво Меси им кажал на управата дека во Мбапе гледа наследник и дека сака да го донесат.
Тешко дека ќе го пуштат од ПСЖ,плус ако почнат преговори одма ќе се вмешаат и Реал и уште којзнае кој.
Реално сите сакаат да го имаат во тимот.
Според мене Мбапе ќе владее после Меси и Роналдо,ако сега не се собере тешко понатака.
После пензија на Меси и Роналдо мислам дека ПСЖ ќе доминираат,Мбапе ќе стане уште поголема ѕверка плус Ѓуптинот покрај него...

Сепак не се знае една повреда може цела кариера да му ја сјебе...Незнам колку е паметно такви цифри да се дадат за играч.
 
Пола утакмици без лево крило и шпиц(топло/ладно)ги изигравме...
 
Само Мбапе е спасот,кога дадовме за Дембеле и Кутињо скоро 300 милиони за него не би жалел ни 500
 
Пуиг изјави дека попрво би останал во Барса Б уште една сезона отколку да оди на позајмница.
Според мене грешка прави,најверојатно ќе го префрлат во прв тим и ќе скапе на клупа.
Ќе влезе неколку пати од замена и толку,за него е најдобро да игра,макар и во некој клуб од дното на Ла Лига.
Има потенцијал не треба да пропадне...
 
Само Мбапе е спасот,кога дадовме за Дембеле и Кутињо скоро 300 милиони за него не би жалел ни 500
Верати ко не успеаа да го земат за Мбапе да не прајме муабет

Де Лигт МОРА да се земи ич не ме интересира колку стопери имаме
 
Мбапе тешко дека за скоро ќе си оди од псж, а и ако си бега ќе оди во реал. Меси има уште години фудбал, ќе никне уште некој голем талент дотогаш, повеќе е проблемот да најдеме добар централен напаѓач сега.
 
Можно е и арапите да се повлечат од ПСЖ, такви шпекулации имаше пред некое време. Ако се оствари тоа, ќе се пазари на големо од ПСЖ.
Мбапе, Нејмар, Верати сите ќе си заминат.
 
Можно е и арапите да се повлечат од ПСЖ, такви шпекулации имаше пред некое време. Ако се оствари тоа, ќе се пазари на големо од ПСЖ.
Мбапе, Нејмар, Верати сите ќе си заминат.
Ова е истата информација дека проектот за PSG не им успеал. Сакале да земат некој клуб од втора англиска лига или пак да ја купат Roma
 
Не верувајте на се што ќе прочитате :) кој би зел клуб од втора англиска, кога го имаат еден од најаките тимови во најакиот град. Да го оставиш ферарито, за да земиш фичо и да правиш ремонт :pos:
 
Не верувајте на се што ќе прочитате :) кој би зел клуб од втора англиска, кога го имаат еден од најаките тимови во најакиот град. Да го оставиш ферарито, за да земиш фичо и да правиш ремонт :pos:
Primer Aston villa 1 liga sampioni ili Nottingham Forest 2 liga sampioni.
 
Последно уредено:
Според Мундо Дерпортиво на состанокот одржан пред некој ден меѓу Бартомеу,Пеп Сегура и остала компанија,Бартомеу пресекол дека приоритет е ГРИЗМАН,што до некаде (По мое) логично.......Од аспект што Суарез веќе ја гази 33-тата и е тотално ван форма,Дембеле глава неможи да крени од повреди,дали поради бурниот живот надвор од терените или нешто друго е во прашање (Преголема минутажа сигурно не е).Јас не трењирам фудбал ама овие што тренираат кажуваат дека:Играч што е правилно трениран неможи лесно да се повредува,така да дали е некој психички или физички проблем незнаеме ама изгледа дека Дембеле НЕ Е играч кои што можи да му се дадат конците во нападот т.е да го предводи нападот.Мое мислење е дека сума сумарум Гризман е најдобра опција и дека не 120-Мил. 140-мил. да дадат и не се многу,бидејќи Гризман е како пакет:Искуство во Ла лига,28-Години,технички добро поткован.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom