Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Нема опуштање, 3 утакмици не делат од тројна. Сега во Ла Лига нека ги пушти Барса Б, макар и 10-0 да изгубат. Денес душа снемаа, освен Алба кој во 95та минута трча 100 метри спринт. Одмор, без потценување како Рома лани и со ладни глави.
 
И со Дембеле нема потреба од такви критики. Тогаш влезе дечкото, не знаеше кај се наоѓа, Салах со 10 пати поголемо искуство утна поголем зицер.
Реално, не заслуживме 4-0 :)
 
Реално мислам дека и самиот незнаеше дека ке има 2 зицера, онака у 92 влезе. И пак ке речам ја повеќе видов од Дембеле у овие последни 3 минути него ли од Кутињо, значи цела сезона го браниме и го чекаме да заигра нешто по конкретно ама ништо, не ја бива вака од 160 милиони засилување.
 
Реално мислам дека и самиот незнаеше дека ке има 2 зицера, онака у 92 влезе. И пак ке речам ја повеќе видов од Дембеле у овие последни 3 минути него ли од Кутињо, значи цела сезона го браниме и го чекаме да заигра нешто по конкретно ама ништо, не ја бива вака од 160 милиони засилување.
Aко не го продадe управата,сам ќе си побара трансфер. Многу тужна фаца е
 
Беше Пре Пре Преголем ризик да се игра со Роберто како бек,знаејќи дека Мане тешко може да се додржи,имаш еден од најбрзите играчи-наспроти бек кој знаеме сите дека е доста лош во дефанзива,и не е цврст.Друга работа беше преголем ризик да се излезе без плејмејќер се бараше тој пас меѓу линии,поготово како што беше високо поставен Ливерпул.Во второто полувреме Ливерпул напна повеќе а Барса се повлече,(По некоја логика) да игра на контри,си го поставувам прашањето кој ке повлечи контра кога Суарез не е брз играч,Меси беше доста чуван,Видал повеќе дефанзива,а фалеше брзо крило.Потегот на натпреавот по мое беше Валверде што го постави Видал горе-лево,да врши пресинг,а и воедно да пресече некоја топка,во замена за Лошиот Кутињо,Семедо влезе Роберто средина и Барса беше поопасна,иако рака на срце и Тер Штеген одбрани неколку доста незгодни шутеви,а што се однесува до реваншот мислам дека ја научија лекцијата од лани,ако излезат пичкарски да се бранат одпаѓаме,дека 4-ри гола не се малку,ама не се ни многу,земајќи во предвид сите камбекови што се направија лани,а и Ливерпул доста машки се бореше вечерва
 
Мислам дека од вечерва Валверде знае со кој состав и формација ќе излезе на Енфилд, а тоа ќе биде 4-4-2 со Роберто и Видал на страничните позиции на средниот ред.

Не треба цела игра од почеток да им се препушта, во никој случај не смеат рано да примаат гол.
Ако дадеме први гол во тој момент натпреварот ќе стане само ревијален до крај на 90-те минути.
 
Каква фантастична вечер испадна ова. Кога водевме само 1-0 а Ливерпул напаѓаше мислам дека во тој момент ќе прифатев да заврши и така, само да не примиме гол. Ни на крај памет не мислев дека ќе тепаме 3-0. Мислам дека е доволно за финале. Што и да биде на Енфилд даваме барем еден гол. Ова мора да биде наша година во ЛШ. ;)
 
Хаха а бе смешки еден куп, ај кладете се дека со Ливерпул многу полесно ќе поминеме ако ги минеме Манчестер :vozbud: Кој има му“да да видеме :)

ДОБРА НОЌ !
 
Има ли шанси Валверде да го викне Kevin-Prince Boateng на клупа за следната утакмица против Liverpool? За да може човекот да освои триплета и да си се врати во Италија:D
 
Абе Дембеле, можеше да го направиш ревијален натпреварот во Англија, не смееше да го утнеш тоа. :(
Од кога излезе Кутињо и се префрли Роберто во средината, дојде до поголема сигурност во играта, што вика Тони, се знае формацијата дека ќе биде 4-4-2 сега за реваншот, само прашањето би ми било, дали со Роберто или со Артур, другото се знае. Ваљда нема да се глупира Валверде и да започне со Роберто на бек повторно.
Ливерпул и те како се кадарни против било кој тим да постигнат 3/4 гола на нивен терен, така да, Барса мора како знае и умее да постигне еден гол. Се надевам дека ја научија лекцијата од лани со Рома, зашто Ливерпул можат се да казнат на реваншот.

Сега во лигата со некој втор состав, да одморат убаво овие што играа денес, нека им даде од првата минута шанса на дел од младите, како и на Алења, Боатенг и Муриљо.
 
4-4-2 ќе биде, а и видовме дека мора така за да добие баланс тимот.
Убеден сум дека нема да се повтори Рома и дека ќе тргнат нашиве да дадат гол овојпат.

Дембеле е кривец зошто двобојот сеуште не е решен, ќе има ептен голема одговорност ако се искомплицираат работите. Не може професионален фудбалер она да го промаши, макар директ од спиење дошол на утакмица.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom