Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Мислам дека се противник што ни одговара,задоволен сум од ждрепката сега наше е понатаму како ќе одиграме.
Само да нема повреди,фаворити сме па сега ќе видиме што ќе испадне.
Ова ќе биде испит за Валверде,ако испаднеме сега мислам дека нема што да бара во Барса.
 
Добро е што реваншот е дома. И пораз од 1 разлика со гол на гости нема да е лошо.
Верувам дека ќе поминеме.
 
Јас мислам дека ништо немора да значи ако реваншот е на домашен терен. Во мечеви кај што играат две големи екипи реално нема некоја преголема разлика дома/гости. Пример 2-0 ако ја тепаш дома првата, гол на гости ти врши огромна работа на реваншот. Плус твој гол во евентуалните продолженија буквално вреди два ако го играш реваншот како гостин.


Едит: Мислев дека сум во ЛШ темата, ама кога пишав веќе нека ми стои постот. xD
 
Каде купувате карти за Барса утакмици? Ми треба проверен сајт.
 
За 1/4 финале најголема желба ми е Јунајтед. Ќе биде интересен двомеч. Две екипи со голема фан база, па ќе биде интересно да се гледа и навива. Секогаш е поголем ќеф да се победи таква екипа отколку Порто на пример. А башка против Јунајтед сме фаворити. Убаво е да се избегнат Јувентус, Ливерпул и Сити.

Ми се исполни желбата. :cool:

Ако одиграме на ниво и ако пак цела среќа не биде на нивна страна ќе ги поминеме. Супер што и реваншот се игра на Кампот.
 
Андре Силва слабо се спомнува за напаѓач, а е веројатно и најдобар избор од достапните играчи. Сеуште е играч на Милан како што знам, а тие го зедоа Пјатек, па би можеле за добра сума да го пуштат.
 
Андре Силва слабо се спомнува за напаѓач, а е веројатно и најдобар избор од достапните играчи. Сеуште е играч на Милан како што знам, а тие го зедоа Пјатек, па би можеле за добра сума да го пуштат.
Имаат Севиља право на откуп за 35 милиони,што значи најверојатно ќе го купат.
 
Со победа против Бетис може да ја запечатиме титулата. 10 бода веќе се 4 утакмици разлика, па ќе може да се ротира пред ЛШ.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom