Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Мечот против Лион треба да го игра и со една нога да е, од најголема важност е во цела сезона, мора да го оспособат, ако ништо друго бар да влезе од клупа.
 
Мечот против Лион треба да го игра и со една нога да е, од најголема важност е во цела сезона, мора да го оспособат, ако ништо друго бар да влезе од клупа.
Од клубот искочија и кажаа дека има само истегнување,може ќе игра ама на негова одговорност.
 
Од клубот искочија и кажаа дека има само истегнување,може ќе игра ама на негова одговорност.
Не најдов ништо за тоа дека би играл на негова одговорност, кај прочита?
 
Не најдов ништо за тоа дека би играл на негова одговорност, кај прочита?
По страници на фб,незнам колку точно објавуваат.
Пишуваа дека од клубот искочиле со соопштение.
 
Valverde на прва позиција на табелата со Барселона останал подолго од Pep Guardiola и Luis Enrique. ( 59 кола од можни 65).
 
Самите играчи и Валверде е свесен,дури и ние како фанови сме свесни дека,просто кажано математиката е проста,сигурна победа само е спас,2-ва гола минимум прво,и без примен гол,ако ја пимплаат пред гол ништо неправат,ама мислам дека не би си дозволиле таков луксуз пред се што ако Барса одпадни СЕГА од Лион,и се повтори истиот циркуз од лани со Рома и Валверде е свесен дека (Иако го продолжи договорот) заминува,па очекувам мн мн мн најсериозно влегување во утакмицата.Веќе неколку години сите гледаме дека Лш фаворит нема,секој-секого може да го победи,поради таа опуштеност испаднаа и Реал и Псж,иако и кај Реал се осети доста и заморот (Психички-физички) од Ел класико,али да не навлегуваме.Како фаворити за Лш би ги издвоил само Сити и Атлетико Мадрид-(Нормално ако го одпадни на Јувентус),а ако одпадни Јувентус-Зошто се знае Италијанска смрдена екипа,ке се провлече некако до финале,Ливерпул и Баерн незнам најтежок дуел,а и уште потежок за Ливерпул дека брка и титула Премиер лига.Така да врти сучи на еден ке налетаме 4-Или полуфинале,само колку Барса е/ќе е спремна тактички/физички? Што се однесува до трансферите заминувања ќе има,сите ги знаеме кој,рачунајте и едно НЕпланирано како што има секое лето,Силесен/Ракитич/Кутињо/Семедо=Можи,Артуро Видал-Ако дојде понуда добра.За доаѓање и јас сум за Де лихт и тоа со две раце,дечкоти искина против Реал,ама со управава не се знае ништо,а за 9-ка мислам дека не се начисто,дали Гомез,Родриго-Валенсиа,Лука Јович,а и можно е и по Саул Нигез да тргнат.....btw Jas ne komentiram mn mn na forumov t.e mn retko komentiram ama ko ke komentiram da se znae :D
 
Да бидеме реални минатата утакмица имавме 25+ шута , посед , акции само реализација фалеше. Тешко дека на Кампот Lyon да победи, ама никогаш не се знае.
Искрено се надевам дека Валверде сфатил лани со Рома дека од дефанзивната такитика нема ништо, исто така сигурно видел дека 2 фаворити веќе се испаднати.
 
Си кажа Меси уште на почетокот на сезоната дека ќе дадат се од себе за да ја освојат ЛШ, така да сигурно ќе ги видиме во едно друго издание во средата. Ќе запнат уште од прва минута да го уништат Лион. Премотивиран е D10S да освои ЛШ.
 
Фудбалски гледано по сите критериуми Лион нема никаква шанса на Камп Ноу, но немаше ни Јунајтед против ПСЖ. Видовме што се случи, посреќно поминување немало никогаш, едноставно така требаше да биде, нема друго објаснување. Но ретко се случува тоа, мислам дека ќе ги расклопиме уште во прво полувреме :)
 
И јас мислам дека нема да влезат потценувачи,ја научија лекцијата од претходните години,плус се случија неколку чуда минатата недела.
Досега да бидеме реални на сите битни утакмици искинавме без разлика дали е ЛШ или нешто друго.
Во ЛШ посебно добро игравме,утакмицата со Тотенхем во гости,дома со Интер,со Псв двете,па и сега со Лион во гости ги газевме само фалеше гол.
Ако се додадат тука и сите ЕЛ класико утакмици плус со Севиља двете,може да кажеме дека супер играме сезонава,таа послаба игра во Ла Лига мислам дека е поради тоа што играат во прва брзина,колку да победат.

Пак не се знае ништо ЛШ е секој може секого да победи,ама како што кажавте погоре и јас не гледам како би не добиле Лион на Камп Ноу.
 
Мене ми се чини дека или ќе ги разнесеме и ќе им забиеме 4-5 гола или не дај боже ќе кикснеме. Ама над 90 посто сум сигурен дека овој пат ќе бидат фокусирани и нема да го потценат Лион.
 
Да не знае некој како се вика музикава од видеово?
Иначе читам, многу фанови му даваат поддршка на Кутињо, а и треба, знаеме како може да игра, мислам дека мора да се трпеливи од клубот.
 
Дембеле тренирал со екипата,ќе одлучат со лекарскиот тим дали ќе игра.;)
Мислам дека ќе биде на клупа,можно е да влезе ако нешто загусти.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom