Имаше и чист фаул на линијата од 16 над Бускец, не беше пенал ама слободен за Меси од 16,17 метри во 85та минута.
Иначе Валверде и вчера мислам направи грешка, со вадењето на Дембеле.
Играш со 10, ти треба брзина и пробивност по крила, ти го вадиш најбрзиот играч во тимот, и ја угуши цела средина. Суарез не можеше да оди последните 10 минути.
Можеше Бускец да го врати на централен бек (играше кај Гвардиола против Челзи), Меси ќе играше поназад во средината, ќе го влезеше Кутињо место Артур и тоа беше тоа. Па и да изгубеа ради недостатокот во дефанзива не е ништо пострашно од ова, еден бод дома со Џирона е еднакво на пораз.