Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Иначе играме пријателска во 18:15 :D
Наголемо се зборува дека Ленгле е решена работа, ќе биде исплатена клаузулата од 35 милиони евра. Гризман и Ленгле ќе коштаат 135 заедно. Се надевале од клубот дека ќе добијат околу 100 милиони од продажба на играчи, малце потешко знаејќи колку се неспособни :D да се надеваме дека нешто ќе земат, па барем еден класа везњак да се донесе.

Oвој Ленгле искина против Јунајтед, душа му извади на Лукаку.

Сега гледа, па и уште само 22 години. Пуф, за таа пара, вреди коцката.
 
Последно уредено:
Ако дојде Ленгле јасно како ден е дека Мина оди во Ливерпул на позајмица.

Добро е шо брзо притискат за трансфер целите, очекувам и Гризман да го потпишат пред СП. После цените ќе рипнат најмалце x2 ако му се погоди на некој да сврзи неколку добри утакмици.
 
Ленгле може да се исплати, вреди да се ризикува. А за овој Артур и јас сум премногу скептичен. Може да испадне нов Чигрински или уште полошо нов Даглас.
 
До 35-40 милиони јас ги сметам за експериментални трансфери, со моменталните цени на пазарот. Да не заборавиме и Умтити дојде со ваков трансфер за 25 милиони, па сега е во топ 3 дефанзивци во светот. Паулињо исто така ги оправда средствата вложени во него.

За овој Артур се спомнува цифра до 40 милиони, така да би го ставил во оваа категорија и него. Само знам дека за него лани скаути имаше на 15-16 утакмици шо го пратеа, значи нема теоретска шанса да биде нов Даглас, али сепак може да испадне не Барса материјал.
 
40 милиони, се како 10 милиони порано. Ништо не очекуваш од таков играч, освен да пополни состав, може да само да придобиеш ако се развие во подобар играч. Ретко се погаѓа таков играч, но вреди да се испроба, особено со јужноамерикански играчи.
 
Гризман им е сеедно дали ќе го потпишат пред или по СП. Не може да рипне цената, таа е 100 милиони, ама запнати се сите од Атлетико да го оддржат таму, мислам дека ќе биде нова Фабрегас сага во најава...
 
Гризман им е сеедно дали ќе го потпишат пред или по СП. Не може да рипне цената, таа е 100 милиони, ама запнати се сите од Атлетико да го оддржат таму, мислам дека ќе биде нова Фабрегас сага во најава...

Не им е сеедно. Од 1 јули клаузулата оди на 200 мил евра.
 
Не им е сеедно. Од 1 јули клаузулата оди на 200 мил евра.
Појма немав дека и таква клаузула имал типот, ама пак, ќе им сапуници со Гризман, со секој побитен трансфер последниве 4-5 години имаше сапуници.
 
Неможе да е сапуница, ако сака Гризман да дојде ја плаќаме клаузулата и толку. Нема тука преговори со Атлетико Мадрид.
 
Штом одела клаузулата на 200 на 1 јули, ќе се знае дали доаѓа до 10 јуни. После тоа заминува на светско, не ми се верува дека за време на светското ќе се прави трансфер, а и самиот Гризман рече дека ќе се знае дали останува или си оди до почеток на светското.
 
За среќа ништо не зависи од Атлетико, така да ако Гризман стварно сака да дојде и управата го сака во клубот, ништо неможе да го спречи трансферот. Се зависи од него, ќе видиме шо ќе одлучи.
 
Последната утакмица на Иниеста вечерва. Ќе биде испратен со спектакл се надевам, како што заслужува :)
 
Ауууу, што му направи овој кретенот раул навас на Дембеле.... Можеше да му ја сјебе кариерата. За ова треба Суарез да му даде еден лакт во забите до крајот на натпреварот.

IMG_20180520_213818.jpg
 
На момент помислив дека му ја скрши, среќа одеше после.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom