Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Adios Don Andres! :cuc::place::place:
Еден, единствен...
Големи беа и Чави и Пујол и Куман и Кројф, ама толку поштуван фудбалер од противнички навивачи немало и ќе нема. Без црна дамка цела кариера.
Гол во последни моменти во финале на Светско, гол во последна секунда во полуфинале ЛШ. Штета што играше во исто време со Меси па таа 2010, не му дадоа златна топка...
БОГ!
 
Класична легенда. Со новиот договор шо му го дадоа мислам дека планираше плус уште една година да остане, али во последните 2-3 месеци виде дека перформансите се со последни сили шо може да ги пружи во топ фудбалот.
Феноменална кариера, освои се што можеше да се освои. 4 ЛШ титули, 2 европски првенства, 1 светско, 10тина Примери, 10тина купови. ДОН АНДРЕС !!! :cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:
 
Треба некаков специјален, златен пехар да ни доделат, 30 титули се во прашање, но не очекувам од ваква федерација такво нешто :D
 
Дон Андрес. :place:
Iniesta+9.gif


Меси најслаб играч на теренот, колку само топки изгуби. За него сезоната заврши во Март. Немаше да се случи тоа што се случи со Рома да немаше СП летово.
 
Иначе со заминувањето на Иниеста се ослободуваат околу 10тина милиони евра за плати, така да 99 % е сигурно дека ќе има најмалце едно големо засилување летово, најверојатно Гризман.
Ако се расчисти и тоа ситната боранија нема да ме чуди да дојде уште некој докажан фудбалер во средниот ред за партнер на Кутињо. Овој бразилецот треба да дојде дури во јануари, не верувам да го оставаат туку така средниот ред во првиот дел од сезоната.
Колку само го посакувам и Анчелоти како тренер, гарантирана ќе ни е ЛШ титула во наредните 2 сезони. :icon_lol:
 
Честито титула каталноци!!!
Јубилејна триесетта во купот и тоа со петарда :):bravobe:
Посебно ми е мило за Иниеста што постигна гол во неговото последно вакво финале очигледно :(
Благодарност за се што направи за Барса, остави неизбришлива трага, еден од најдобрите и највлијателните што го носеле дресот на Барса. Ќе ми биде чудно да ја гледам Барса без него :(
Се најдобро Дон Андрес, каде и да одиш! :cuc:
 
Гризман апсолутно треба да се донесе. Но позициите кои чкрипат како што пишав претходно се десен играч во средина РМ, за прва опција. Заден везен кој ќе ротира со Бускетс и замена за Алба. Другите позиции се добро покриени.
 
Денис изјави дека останува и следна сезона. (y)
По изјавите на Алба и Бускец (знаејќи каков авторитет имаат они во тимот), се наѕира останување и на Валверде :facepalm::facepalm::facepalm:.[DOUBLEPOST=1524362566][/DOUBLEPOST]За крај...
"Дојде како дете, отиде како легенда. Збогум ДОН!"
30814125_1933003226724536_2311247402545910346_o.jpg
 
Легенда. Со Чави можеби најинтелигентните што било кога играле. Колку и да иделе на нерви тие 80% посед против тим за кој навијаш, мајсторството за тоа било во нозете на Иниеста. Уште еднаш алал за кариерата, браво.
 
Денис изјави дека останува и следна сезона. (y)
По изјавите на Алба и Бускец (знаејќи каков авторитет имаат они во тимот), се наѕира останување и на Валверде :facepalm::facepalm::facepalm:.[DOUBLEPOST=1524362566][/DOUBLEPOST]За крај...
"Дојде како дете, отиде како легенда. Збогум ДОН!"
30814125_1933003226724536_2311247402545910346_o.jpg
Затоа и почна да го става во игра Валверде, искрено и млад е има време за Денис, сличен профил е на Иниеста. Гомез и уште еден од Ракитич/Паулињо треба да си оди, а Роберто у средина со тој Артур.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom