Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Потполно заслужена награда за генијалецот...најдобриот фудбалер во денешницата и за 2010 година Линоел Ѕверот Месси!
 
Честитки до фановите на Барса за изборот на Меси за најдобар играч во Европа. По мене заслужен и логички беше овој избор. Индивидуално никој не му беше ни до колена изминатава сезона.
 
Честито за изборот на Меси за најдобар играч за 2010 а и пола тим на Барса беше во топ 11 :smir:
 
ЛИОНЕЛ МЕСИ, најдобриот фудбалер на денешницата, најдобар во 2010 година, благодарни и среќни сме што живееме во ова време и што вонсерискиот играч игра токму во Барселона. Секој чест Меси, честитки и за Чави и Иниеста. Сите тројца се неверојатни, ама Меси е најдобриот фудбалер во светот. Гледам многу од вас го употребуваат зборот 'заслужено'. Па, кој и да ја освоеше од овие 3 немаше да е незаслужено, ама идивидуално, Меси е најголем и најдобар во светот.
Доминираме и во тимот на годината, имаме повеќе од половина. 6 од 11те играчи се од Барселона.
И наградата за тренер на годината исто така ја освојува Барселона. Нашиот Жозе Мурињо е најдобриот во 2010 според ФИФА.
Ова е веќе монопол, уште наградата за најдобар гол да ја освоевме. :):)

--- надополнето ---

ЛИСТА НА ГЛАСОВИ ОД КАПИТЕНИ НА РЕПРЕЗЕНТАЦИИТЕ

ЛИСТА НА ГЛАСОВИ ОД СЕЛЕКТОРИ НА РЕПРЕЗЕНТАЦИИТЕ

ЛИСТА НА ГЛАСОВИ ОД СПОРТСКИТЕ НОВИНАРИ
 
Ова од Пике на Твитер :) :

Muchas felicidades a Leo! Personalmente, ya es el mas grande de todos los tiempos!
 
Честитки на Меси за освоената награда, мислам дека заслужено е, кој и да беше од Барса немаше да ми биде чудно.
Гледам на тема Најдобар Фудбалер за 2010 година, многу хејтери имаме.
 
Пеп: Што се чудиш бе...Најдобар си :)

Messi-Pep-FIFA+Ballon+d+Or+Gala+2010+X7hcTu5axJml.jpg

Меси: Јас...јас сум најдобар!
Messi-Mou-FIFA+Ballon+d+Or+Gala+2010+MZhydLfKd68l.jpg
 
1294685677_extras_albumes_0.jpg


Се свести ли, или уште имаш трауми ? :)
 
честитки за лео кој ида беше немаше да биде не заслужено според мене требеше да е иниеста
 
Не знам дали ке има подобар од Лео, во наредните 100 години.... Многумина споредбите ги прават мегу Марадона и Пеле, но јас нити сум ги видел како играат нити ништо... Ако мене после 50(да не претервам со 100) години некој ме праша, кој беше најдобар можеби би им кажал Роналдињо, Анри, Роналдовците, но сите би биле споредни, во однос на Богот..


Лео Меси, Секоја ти чест...


Честитки наградата уште еднаш...
 
Неверојатно е колку Меси личи на неговиот татко Хорхе Хорацио и на брат му Матиас. :shok:
2485668-original.jpg

^Татко му.

matias-lionel-messi.jpg

^Лео и Матиас.
 
Меси - заслужено, најзаслужено... Снајдер, ха, абе ајде ти се молам.... Снајдер во една изиграна сезона, на веројатно за него, чудно ниво, да ја добиел... Попрво за Форлан би гласал....


Лео Меси константно секоја година ни дава по нешто, ни дава доза фудбал, за разлика од овој... Јесте да оценувањето се однесува на 2010 година, но во срцата не неутралните фанови, остануваат игри од порано, остануваат головите, остануваат сеќавањата... Јесте ни даде 4 гола и не одпадна од ЛШ, но тоа не го намалува фактот дека тој е еден и единствен..... Исто така, останува тоа каков е на терен, останува тоа колку е скромен, останува неговата леснотија... Штета е што во умот и срцата на нетралните фанови, никогаш не може да преовладува антифудбалот наспроти тоталфудбал, во едниот случај Интер во другиот Барселона.... Тука е разликата, што за Интер (и сите Италијански тимовим) навиваат само нивни фанови, а за Барселона сите ширум светот... Сите се восхитуваат, па и јас не сум исклучок...

Колку и да се трудат да наметнат дека Интер е најдобар за 2010, тоа е за Вас лична сатисфакција, а за мене е уште поголема кога ке зборуваат дека тимот кој бил најдобар статистички, го играл и најдобриот фудбал... Штета што во оваа година што измина го немаше тоа...


Не знам колку ја читате таа тема, но таму го напишав ова, а тука го копирав, пошто сакав... И толку од мене, не пишам или спамирам до средината на февруари... (Најдобар фудбалер за 2010 година, истиот пост)
 
^ Вашиот Венгер после натпреварот лани на Кампот изјави: 'Изгубимве од тимот кој го има најдобриот играч во составот. Лионел Меси е како плејстејш. Тој може да направи предност од секоја грешка која ќе ја направиме. Кога ја има топката во своите нозе, тој е несопирлив. Тој е единствениот играч кој умее да го смени правецот во такво темпо и да биде закана. Пред него има 6-7 години и да чукнам во дрво, ако не му се случи ништо лошо, тој може да достигне неверојатни нивоа.'
 
Ги вртам овие гласачите за кои гласале и приметив една многу интересна работа...
светските селектори мислам познатите...
ретко кои гласале за Меси
капело:иниеста па чави
јонуз:чави(сепак наш е)
бланк:чави
бенто:чави
бредли:чави
а и со капитените истата работа
рио:снајдер иниеста чави
флечер:чави
боканегра:чави па иниеста
фреи:чави
роналдо:чави
лам:иниеста
диара:иниеста
ретко кој го дава гласот за меси...куртуозна работа...а тренерите од зимбабве и замбија ретко имаат шанса да играат во живо против нив...
сепак честитки до меси(не оспорувам дека индивидуално е супериорен заедно со роналдо над сите)..но јас сепак сметав дека требаше да ја земе или чави или иниеста..заради светското
а од овие новинарите никој не познавам, но сите тие се спортски новинари и најверојатно си ја знаат работата
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom