Ова беше едно од најлошите Ел Класика што сум ги гледал. На крај и се изнервирав здраво, ама не од Реал, туку од нашиве. Прво две промашени стопостотни шанси, после при бранење водство глуп фаул и давање шанса на Реал од позиција од која и тоа како се опасни.
Инаку со играта не може да се каже и дека заслужија победа. Во прво полувреме средниот ред беше тотално за никаде. Ако Реал запнеше повеќе (а и да беше комплетен) црно ни се пишуваше.
Не се најде јунак што ќе го замени Иниеста овие два месеца. Андрес и овака подостарен е доктор по фудбал за сите срединаши што ги имаме. Да се вратиш од повреда после толку време и веднаш да играш на врвно ниво е скоро невозможно, ама не и за Иниеста. Капа доле. Само ако нешто не се преземе, за некоја година кога тој ќе се пензионира има да пропаднеме побрзо од Титаник.
Има многу простор за загриженост после ова. Освен Умтити, ниеден трансфер не се покажува како успешен. Андре Гомеш, Денис Суарез, Алкасер, Видал.... Се’ се тоа големи утки. А и старите момци не се како што беа оваа сезона. Бускец како да ја изгуби силата, Маске е само сенка на она што беше, Нејмар не престанува со лигавењето, Суарез во последно време игра како да не ручал тој ден, а некогаш и Меси знае да се вклопи во сивилото.
А Лучо изгледа како полека да ги губи конците од раце. Веќе почна да се шушка за негова смена. Сепак мислам дека е рано за тоа, а и немам видено бели марамчиња на Камп Ноу (а знаеме сите што значат тие). Ваљда ќе му се даде шанса до крај на сезонава, ама после ако не освоиме некој голем трофеј сигурно е дека ќе го шутнат.