Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Браво > Тер Штеген сеуште. Можда оти повеќе шанси добиваше, можда оти повеќе го гледаме него во акција против појаки тимови, а Тер Штеген бранеше против Апоел, Хоспиталитет и слични, ама мора уште сезонава да се задржи Браво, макар им ги смениле улогите.
 
Браво
С.Роберто - Пиќе - Маскерано - Матје
Бускетс
Ракитич - Иниеста
Меси - Суарез - Туран​

Клупа: Масип, Видал, Умтити, Дигне, Гомес, Мунир...

И за кој лур го зема Дигне? Матје неможам да го гледам на бек, а исто и Роберто...
 
Се чита Лука Дињ, инаку е слаб во дефанзива, а солиден во напад, има доста утакмици за него во Барса, сигурно уште не е уигран и не сака да го фрли одма во оган за суперкупот, ќе биде добар како бекап за Алба, од Матје пушачов сигурно е подобар, ама искуството си го прави своето.
 
Само луд човек може да го продаде Браво, ако не сум грешка тој е моментално носител на наградата најдобар голман во светот.

Ја разбирам донекаде фрустрацијата на германецот, ама до позицијата прв голман во клуб како Барса не се стигнува преку ноќ.
 
Последно уредено:
Еве ја дињата , ајде да видиме шо знае.
 
Дај нека играат поконцентрирано при завршниците , Севиља не е ништо посебно .
 
Браво > Тер Штеген сеуште. Можда оти повеќе шанси добиваше, можда оти повеќе го гледаме него во акција против појаки тимови, а Тер Штеген бранеше против Апоел, Хоспиталитет и слични, ама мора уште сезонава да се задржи Браво, макар им ги смениле улогите.
Со Тер Штеген ЛШ имаме освоено така да не ти држи муабето.. Посебно со Баерн реваншот повампири можевме 5-6 слободно да примиме и да отпадниме

Плус 24г има а Браво 33..Нема шо да му се мисли тука.. Диего Алвес замена и готово
 
Нема течност во играта. Овие бркаат како луди плус многу тепаат :)
Арда да се продава додека е време. Не е за во Барса, ако не годинава другата обавезно.
Ќе видиме второ али не очекувам нешто посебно.. Суарез тоа мораше да го погоди. Меси некако не е сконцетриран, од тие полушанси денеска он праеше 100% шанса и гол.. 0-1/1-1 .. моја прогноза :)
 
Мунир ќе ни биде замена, не ни треба Пако :)
Со Тер Штеген ЛШ имаме освоено така да не ти држи муабето.. Посебно со Баерн реваншот повампири можевме 5-6 слободно да примиме и да отпадниме

Плус 24г има а Браво 33..Нема шо да му се мисли тука.. Диего Алвес замена и готово
И јас сум за Тер да остане, иднината за следните 10 години е во него, ама му ги памтиш лани киксовите против Рома и Билбао, уште го нема искуството за цела сезона преку 50 утакмици да брани.
А исто не верувам дека Браво ќе си оди оти Тер ќе е повреден уште 2-3 недели, ваљда не се толку будали реваншот со Севиља и првите две од Лигата со факинг Масип да ги тераат.

П.С. Маске и Денис Суарез партал направија денес...посебно Маске.
 
Дињ или како и да се вика, важно доста солидно изигра типот. Ако остане на ова ниво нема што Матје да игра лев бек како замена за Алба. Мунир се гледа дека има повеќе самодоверба, неколку страшни потези плус гол за кратко време. До некаде ми е жал ако земат некој ко Алкасер, ама знам секоја година му паѓа формата и после оди сликај се кога ќе се преморат тројцата во нападот. Се на се солидно ко за почеток на сезонава.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom