Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Тер Штеген си го повредил коленото, ќе отсуствува 2-3 недели.
Денес ги фотографираат играчите за новата сезона. Меѓу нив е и Браво. Којзнае кој ќе е прв голман сезонава :toe:.
 
Спортскиот директор, Роберт Фернандез, денеска изјави дека во текот на наредната недела ќе донесат напаѓач. (y)

Ајде, да удриме типување, кој ќе биде :D Јас типувам на Лукас Перез од Депортиво. :D
 
Фантастично би било да дојде Лукас Перез, откупна клaузула има само 20 милиони евра, а е одличен напаѓач. Јас мислам дека ќе доведат некој за кој досега немало шпекулации, дека ќе биде изненадување, се надевам позитивно :D
 
Само да не дојде тој од Гремио, катастрофа! Па и поскап е од Перез..
Ама мислам дека Перез ќе е, Енрике сака играчи од ЛаЛига, побрзо да му се уклопат. Добар дил би бил за 20 милиони.
 
Овој од Гремио е Даглас тип на играч...Пако Алкасер од Валенсија е името. Со него се преговара интензивно вчера и денес. 25 милиони, бомбона
 
Јас мислам дека ќе доведат некој за кој досега немало шпекулации, дека ќе биде изненадување, се надевам позитивно :D
Така и испадна, на крај. Од нигде никаде, Пако Алкасер е избраниот. :D
Трансферот ќе кошта 30 милиони, а можно е Мунир да иде на позајмица во Валенсија.
 
Умтити , Диње , Гомеш , Д.Суарез , Тер Штеген , С.Роберто , Нејмар , евентуално ако дојде Пако Алкасер ... Од друга страна како искусни ветерани ги имаме Меси , Суарез , Иниеста , Пике , Бускетс , Маскерано , Ракитич .... Феноменален контраст во тимот помеѓу искусни ветерани и млади квалитетни играчи , ова е можда еден од најдобрите трансфер периоди кој во иднина треба да покажат супер резултати.

Ланскиот костур околу кој ќе се гради играта ќе биде ист и според фондот на играчи се гледа дека ќе одат на триплете , само што оваа сезона долгата квалитетна клупа ќе биде далеку поефикасна. Јас искрено очекувам ЛШ оваа сезона.
 
Како што рече Енрике, оваа Барса на хартија е најдобра од кога е тој тренер. Ако дојде и Пако Алкасер, ќе имаме 2 состави кој што можат да победат било кој тим во светов.
 
Ако се оствари овој трансфер стварно јака клупа ќе имаме, и голема конкуренција за прв тим (y)
 
Голема е цифрата што се споменува, ако е точно тоа за 60 милиони. Од клубот рекоа дека имаме 20-25 мил. за напаѓач..
Ја мислам 25 + Сампер и Мунир на позајмица + некој бонис доста им е.
 
Нема шанси бе повеќе од 35 милиони да лупнат за Пако Алкасер, какви 60 милиони :D[DOUBLEPOST=1471114842][/DOUBLEPOST]Стигна одговор од Валенсија, краток и јасен: "Пако Алкасер не е на продажба."
Во превод, мислам дека тоа значи: "Зголемете ја понудата."
 
Последно уредено:
Браво се договорил со Сити..25 милиони ќе чини трансферот
 
Купен за 12 , продаден за 25 , добар дил. Јасно беше ко ден дека двајцата голмани нема да останат во тимот оваа сезона. Овие 25 , нека додадат уште 15 и нека дадат конечна понуда за Алкасер. 40 милиони е реална понуда.
 
Мислам дека се глупости ова, ќе остане Браво. Во спротивно ќе им се наебам матер и на Пеп и на управава.
 
Купен за 12 , продаден за 25 , добар дил. Јасно беше ко ден дека двајцата голмани нема да останат во тимот оваа сезона. Овие 25 , нека додадат уште 15 и нека дадат конечна понуда за Алкасер. 40 милиони е реална понуда.
Добар дил за тим ко Барса ќе е ако тој што ќе го замени е поквалитетен од него. Во спротивно, јебеш 12м добивка кога за големиве клубови се како кусур од трафика ко си купуваш мастики.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom