Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Збеснат мирен. :D Имам лошо претчуство за пенали , нека се отворат па шо биде нека биде јбг. Мило ми е што ваков меч дојде на сам почеток на сезоната. Ќе знаат дека нема опуштање на било каков резултат.
 
Хаха, Педро, the golden boy. Ги има у ракав головиве. :)
Одбраната :popce:, посебно Матје и Бартра. :facepalm:
Нека не се заебаваат, нека не го даваат Адријано, со Матје мака ќе мачиме на лев бек во ситуација кога нема да игра Алба. А, и кој му кур што не го играше Адријано од почеток место Матје ?
Се изгуби Лучо, класично пиче излезе вечерва со измените. Требаше да му се лупне од глава.
Да се молиме до Јануари да немаме повреди во стандардната 11-ка, зашто замените во средина и во напад ни се леле мајко. А, и Лучо да не се заебава со ваквите пичкарски измени.

Како и да е, 4 од 4 сега за сега.
 
Еден од тактички најслабите натпревари на Енрике. Непотребно коцкање со цела одбрана. Позицијата на Маске и Бускец е ужас. Серхи Роберто е тотално непотребен играч. Пак ќе имаме проблеми со одбраната. Дупли дмф е омилената тактика на Тата и затоа не освои ништо. Се надевам дека после ова нема да му текне да си игра со оган.
 
Последно уредено:
Бартра не го бива , колку и да сакам да му дадам шанса сепак труп е дечкото ТРУП.
 
Ако ги тргнам на страна мини инфарктите (околу 1000 беа) мило ми е шо дојде до продолжение за Педро ќе си оди славно


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Одбраната катастрофа, мислам дека ваквите експерименти со Матју или Бартра како десен бек нема да успеат. На средината сме ногу тенки ако има една или две повреди ќе биде катастрофа. Роберто како по обичај нема никаква самодоверба да одигра нешто квалитатно туку само ја подава до најблискиот фудбалер до него. Како и да е 4/4 титули за тимот на Лучо.

Потегот на натпреварот оди кај Пиќе :)

 
Тоа Барселоно!!!! Одлична утакмица, многу голови и тие што платиле карта да не жалат. Чекам ваква утакмица кај нас у 2017, па и за VIP седиште да платиш, да не жалиш. :)

Единствено жалам што не стаив 7+. :place:
 
Послатко е вака бе :D На 4-1 си дремев онака лезетски, на 4-3 ме фати јанѕа тро, на 4-4 тро ладна пот, на 5-4 тро жешка пот и експлозија во гласот со кој се изѕверив и така.

Видиш тој е тој премин на расположение x)(
 
Чигрински е Пујол за Бартра. Од дечкото колку повеќе се очекува, он толку полошо и полошо игра. Формата му оди во надолна линија.
 
Средината катастрофа, се чекаат од Меси. Иниеста лани цела сезона ја преспа на стара слава, вклучувајќи ја и оваа утакмица демек капитен ова она. Ракитич исто, далеку под своите можности. За одбраната да не правам муабет, дечките незнаат да се постават. Па уште Пиќе ќе зборува како биле многу поквалитетна одбрана од Реал. Баш денес се видоа колку се квалитетни, со падот на средината.
 
Аууу каква утакмица... секоја чест и за двата тима :cuc: а Педро уште еднаш докажа дека е човек за вакви утакмици,навистина штета што ќе си иде а дефинитивно заслужува место во тимот,но сепак тоа е и негова желба бидејќи не сака да биде резерва на МСН.. 4/6 сега за сега.. во Петок идеме по 5/6 :D
Иначе ако на крајот го загубевме овој меч крив ќе беше само Енрике и никој друг со неговите глупи измени,Иниеста се пожали на повреда и кога веќе иде надвор место да влезеше Педро на негово место со тоа што Рафиња ќе се вратеше во средниот ред а Педро ќе си идеше на негова позиција, овој го внесува Роберто,а човекот реално не е за у Барса сум кажал и претходно.. и ЛШ да ни донесе Роберто пак ќе го имам истото мислење за него.. сепак како и да е ова беше пак логичка измена, али уште не ми е јасна измената со Рафиња и Бартра.. со тоа што Маскерано отиде на ДМ со Бускец, а Барта отиде на стопер.. таа измена можеше да не чини и титула но сепак на крајот испадна добро...освен нервозите што ги претрпевме :D
 
Минатата сезона Иниеста играше до некаде 70-та минута потоа влегуваше Чави , или пак во некој меч одмораше Ракитиќ или Иниеста а Чави го играше цел меч . Сега до јануари сме лимитирани доста , замена на Иниеста е Серхи Роберто :eek: .
Вермален ми изгледаше како најконстантен во подготовките , а Маскерано ме разочара уште е на одмор ...
Матје е споооор , Адриано не смее да се продаде иако и тој беше ужасен на подготовките.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom