Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Не можам да верувам дека од ниту една победа лани сезонава ни станаа пациенти
 
B8d-UzNCEAA5TFB.jpg



Сликава го објаснува натпреварот.
 
:oleee::oleee:

За 2 недели им го наполнивме шупчето 3 пати.

Нејмар е фантастичен , убитачно чувство за гол.
 
Чоло може го крена Атлетико ама ќе го уништи со ваквото форсирање на груба игра. Тотално неискусен судија без авторитет кој го дотепа фудбалот. Ла Лига има сериозен проблем оваа сезона со судиите на сите натпревари.
Одбраната беше тапа Маске кога има лош ден има промаја, среќа Пике добро држеше овој пат. Ракитич уште има проблем да се адаптира кога игра со Буски. Некако се губи и средниот ја нема креативноста. Нападот одличен. Нејмар имаше свое шоу денеска иако го претепаа се до излегување. Меси го хранеше со пасови. Суарез побледо.
Одиме понатаму во купот.
 
Ау каква утакмица.. секоја чест за момците, посебно за Нејмар кој годинава после Меси ни е најдобар играч.. а на тие копачите само така им треба,малце им беа и двете исклучувања... како и да е честито пласман во полуфиналето и идеме понатаму :D
 
Simeone (coach Atletico): "Barça are more intense this season. And their goalkeeper, both Bravo and Ter Stegen, gives them more security."

Вистина е дека Валдес е легенда на Барса, беше дел од најуспешниот тим во историјата ама мислам дека се спасивме од него и освен тоа што сме му благодарни за одбраните треба да му бидеме благодарни за тоа што по никоја цена не сакаше да го продолжи договорот :D.

Какви голмани добивме, вака никогаш сигурни не сме биле на голот.
И двајцата се многу подобри од Валдес во играњето со нога.
Кога е Браво на голот ниту не помислувам дека ќе направи некој кикс, едноставно човекот делува многу сигурно.
Тер Штеген е млад, со одлични рефлекси и ме потсетува на Оливер Кан, знае да прави спектакуларни одбрани. Вечерва имаше многу добра одбрана при шутот на Кани. При првиот гол не можеше да направи ништо, таму заеба Маскерано, а пеналот го прочита но не успеа да го фати.

Пике се враќа или воскреснува :angel:. Стабилен е во последно време, а многу добро делуваше тоа што седеше на клупа.
Дани мора да го задржиме и за следната сезона додека не носиме еден асален десен бек бидејќи со Монтоја ништо не правиме на големите натпревари, Даглас не го ни рачунам.
Алба толку добар е сезонава што и покрај тоа што Лучо толку ротира не успева да најде многу простор за Адриано.

Бускетс е вон форма и мора да се врати што побрзо бидејќи тек почнува тешката фаза. Истото важи и за Иниеста.

За триото :kruna::kezec::icon_mrgr: нема што да се каже, освен што посакувам што побрзо Суарез да влезе во препознатилвата форма.
 
Последно уредено:
Simeone (coach Atletico): "Barça are more intense this season. And their goalkeeper, both Bravo and Ter Stegen, gives them more security."

Вистина е дека Валдес е легенда на Барса, беше дел од најуспешниот тим во историјата ама мислам дека се спасивме од него и освен тоа што сме му благодарни за одбраните треба да мѕ бидеме благодарни за тоа што по никоја цена не сакаше да го продолжи договорот :D.
Да не се повредеше Валдес лани не останувавме без титула.
Во ова сум 100% сигурен!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom