Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Среќна нека е и од мене, сите да имате здравје, радост и парички :), и Барса да не го јаде стапот многу со оваа забраната што ни ја учукаа :D
 
Од 2007 немаме победа на Аноета, мислам редно е да се скрши тој малер. Алвес најверојатно поради повреда нема да биде стартер, ама другите што ќе играат мора да бидат сите најдобри, нема заебанција со оваа утакмица.

Уствари излезе составот што е повикан и Алвес е фит за вечер. Мора да е во прв тим, овие се повиканите:
Браво, Тер Штеген, Алвес, Монтоја, Пике, Матје, Маскерано, Алба, Бускетс, Ракитич, Чави, Иниеста, Рафиња, Мунир, Педро, Нејмар, Меси, Суарез.

А, овој сакам да биде составот:
Браво, Алвес, Пике, Маскерано, Алба, Бускетс, Ракитич, Иниеста, Нејмар, Меси, Суарез
И да искористиме ваљда кикс на Реал денес на Местаља.
 
Последно уредено од модератор:
Ќе има голови вечер и тоа многу.Ако Реал киксне а ние успееме да победиме ќе биде ептен добро.Ама како што кажа Пепито од 2007 година немаме победа таму,што значи 8 години и редно е веќе да го скршиме малерот.
Типувам 2-4 точен резултат
 
Леле и вечер ако извај некој осакатен состав. :mad:

Браво
Дани-Пике-Матје-Алба
Иван-Маске-Иниеста
Меси-Суарез-Нејмар
Многу работи зависат од вечер, или ќе ја биде сезонава, или јок.
 
Рајо го тепа Гетафе во гости а ние си вадиме таму 0-0, се надевам вечер ќе одиграме подобро против Мојс
 
Немаме победа од претпоследната сезона на Рајкард. :facepalm:
А и претходно долго време сме се мачеле да сврземе 2 победи на Аноета. Во главно, ретко победуваме во Сан Себастијан.

Ваков состав мислам дека ќе извади.

Браво
Монтоја - Пике - Матје - Алба
Чави - Маске - Иниеста
Суарез - Меси - Нејмар
 
Сосиедад играат како лудаци против големи екипи..единствена утеха ми е тоа што Мојс е на клупата...
 
Мојс не е којзнае каков тренер, не е за во големи екипи, ама за екипи од рангот на Евертон и Сосиедад си е перфектен. Ама мора да тепаме вечерва, без разлика дали Реал кикснал или не. Ако не тепаме вечерва можеме да пишеме крст на сезонава, наредната ја играме со Атлетико па...
 
Ајмо Барсо искористи ја шансата сега
 
Ја чекам кец за 500 евра , така да или нека тепат или губат. :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom