Неможе во вакви натпревари без копач во средина. Интелигентен копач. Една грешка може да го реши натпреварот, едно лошо позиционирање и се ствара шанса за гол. Кеита е вреден, неуморлив играч, кој ги затвара дупките во средина. Сепак не играме со второкласни екипи, играме со вториот најдобар колектив во светот.

Плус одлично игра со глава и е опасен во воздушни дуели и нафрлени топки во 16-ник.
Ако Кеита е на местото на Иниеста, тогаш Иниеста мора да оди на крило. Лево крило. Колку да го држи Рамос буден, да го пецка од време на време и да не му дозволи да оди напред. Тогаш еден од тројцата напаѓачи мора на клупа. За Меси ич муабет не праиме, Педро или Виља ? Педро е највредниот играч во екипата, затвара назад и врши максимален пресинг напред. Најмногу истрчани киломентри има на секој натпревар. Со продорите на Марсело по наша десна страна, и Кристијано на истата страна, Педро е MUST PLAY опција на десно крило.
Значи Виља отпаѓа од прв тим...

Одбраната е позната. Голманот е познат. Најверојатно Бускетс ДМ. И тоа е тоа. Лесна победа на Менаџер.

А Пеп у понеделник ќе извади некој состав со Џефрен десен бек и Пиќе напаѓач. :icon_bigg