Не сум ве читал одамна ....
Прво, нека му е со помин болеста на Тито, фала ти за се што направи за овој клуб ..... Верував дека ќе биде се во ред со него по враќањето од Њу Јорк, ама не испадна така ....
Исто така и благодарам на АБИ, Виља, Тјаго и сите кои заминаа од екипата.... Тјаго се понесе многу детски, и докажа дека не заслужува да биде дел од овој тим ....
Доаѓањето на Нејмар, беше јасно одамна .... Се знаеше дека тој ова лето ќе пристигне прв во Барселона .... Верувам во квалитетите на овој млад играч и му предвидувам светла иднина во клубот ....
За Тата Мартино, не бев слушнал ( како и сите останати ) , ама после ова што се случи со Тито мораше да се бара решение .... Според кажувањата Тата го негува истиот стил па така да верувам дека ќе се снајде одлично на тренерската позиција .... Ќе има авторитет и ќе знае да го воспостави во соблекувалната ... Со изјавите кои ги даде од кога пристигна во екипата сум воодушевен .... Нека продолжи така, посебно ми се допаѓа тоа што сака висок пресинг , она кое што фалеше претходната сезона ....
Во врска со доведувањето на стопер, тоа е неопходно .... Кога веќе Силва отпадна, мене ми се желби Луиз и Хумелс ... За Агер ни не треба муабет да правите, дечкото моментално со Ливерпул е поприврзан што се вели и од Џерард .... Давид Луиз би бил идеално решение ( новио Пујол

) ....
VISCA BARCA