Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Полека Тата ја применува и вертикалната игра т.е играме подиректно.
 
Вака не делуаа лошо али ќе видиме против некои појаки тимови :D
 
Ништо ново во однос на лани не изигра тимов што е и за очекување со оглед дека е прв натпревар откако се тука сите првотимци.

Меси воопшто не играше поблиску до гол, Чави едвај да прави било што освен да држи посед и од време на време да пушта по некој долг пас на страна (вториот гол).

Санчез подобар, ама пак фали пенетрација по крилата со него и со Педро.

Алвес и Алба стандардно. Ињеста, Бускетс и централните бекови не ги ни приметив освен при прекини.

Ќе му треба на Тата повеќе време за да наметне било каков систем.

Перформансот е како лани при крај на сезоната, Сантос се дудуци невидени. Да играат во Примера вака ќе испаднат во првата полусезона...
 
Изгледа различна утакмица гледаме со Луцифер.
 
Колку само знаев дека ќе шибне гол Адриано кога му се пружи просторот.
 
Првите 15 минути од второ полувреме, пред да излезе Меси, беа многу интересни тактички. Првпат откако ја гледам Барса игравме пресинг со 4-1-4-1 како на сликава:
784959_FC_Barcelona.jpg

Што многу брзо се трансформираше во стандардната 4-3-3 кога ја добивавме топката. Брза транзиција од напад во одбрана и квалитетен пресинг е тоа што сакавме да видиме тоа и ни покажа Тата. После излегувањето на Меси и Санчез се изгуби формата малку, а и фактот дека Сантос беа за греота не помогна многу за да ги мотивира нашиве да покажат што знаат.

Иначе друго што ми остави впечаток:

  • Фабрегас и Серхи постојано ги менуваа страните и создаваа доста конфузија.
  • Фабрегас!!! Знам дека се само Сантос ама изгледа конечно си најде улога во тимот што може да ја игра во партнерство со Ињеста.
  • Серхи многу брзо ја циркулира топката. Не знам како не сум го приметил тоа до сега кај него. Има уште многу работа, ама изгледа надежно.
  • Нејмар не знае да игра одбрана. Секогаш кога ќе се обидеше да земе топка фаулираше.
  • Донгу и Бањак изгледаат опасно.
 
Јас само знам дека Тата is the man! (y)
 
Мислам дека Тата го кажа својот став за Фабре.
Tata Martino on Fabregas. "I’m not thinking of Barca without Cesc. He’s one of the best in the squad, but there’s a part he has to decide."
Инаку Донгу е мотивиран и се труди, секоја му чест, имам надеж во дечкото.
Санчез оваа сезона мислам дека конечно ќе се вклопи како што треба во системот на Барса, има многу конкуренција ќе биде интересно.
Не знам што се случи со Буски, го снема се изгуби.
Добив некој впечаток дека освен она упорно напаѓање низ средина, малку се префрламе и на крила, Санчез и Алба влечат од страните, се добива повеќе простор за Иниеста и Меси.
Адриано е ненормален, кој шут го даде убеден бев дека ќе падне гол.
Нејмар ги има потезите на Рони, само физички е слаб, мора да го спремат појако, тоа го изјави и Тата
Martino: "He still need a few training session to be at his best physically, but Neymar did quite well."
Бањак и Донгу одат во Азија, Пујол поради коленото останува да тренира.
Интересен пристап има Тата на прес, дава кратки но директни одговори, менаџира добро со новинарите, неколку пати во изминативе денови читав дека разговара со играчите на тренинзи постојано и индивидуално и групно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom