Ејјј абре јас не сум Манга :nesum:
Значи не се расправаме
ајде вака::
фабрегас ја немал и никогаш ке ја нема поливалентноста на Иниеста
иниеста може да игра лево крило, лев везен дури понекогаш и задњи везни..
Зашо ја нема ? Затоа што не сиго видел да игра на тие позиции ? Немал потреба Арсен да екпериментира, затоа не играл... Мислиш Иниеста е многу добар на лево крило ? за к*р не го бива таму. Ова задњи везни веројатно мислиш на позицијата на Бускетс ? Таму играше Иниеста пред 5-6 години, не ми текнува точно сезоната... играше Иниеста како ДМ во Барса едно време. позади Деко.
Исто и Фабрегас, кариерата ја започна на 4-ка позиција... Пеп-позиција... Пивот. Каде што игра Бускетс моментално. Чави играше на светското многу понапред од што е навикнат и пак беше одличен. Заклучок... Сите тројца играчи се многу слични. Сите тројца играчи можат да играат на сите 3 позиции во средината. И да, ако дојде Фабрегас, ќе проба Пеп да ги игра сите тројца заедно... Незнам со каков успех али сигурно ќе проба.
Него сосема друг беше муабетот за Чави и Сколс.... незнам како стигнавме до ова.
е сега за манчестер и најискрено не сум многу информиран но кога ги гледам ова мислам дека го играат
4-3-3 .добро кажа дека нема дефолт задни везнњи туку сите се универзалци..
Карик Флачер и Сколс сите знаат да играат одбрана и се знаат да играат напред
Играат 4-3-3 САМО во тешки натпревари кога потребно е да имаат контола на топката. Вчера играа 4-4-2.
Керик и Флечер знаат, ама Сколс е еден од најлошите играчи кога станува збор за одземање топка... Сите на островот го критикуваат за тоа... 10-тици емисии имало каде што се истакнувало тоа. Да знаеше да одземе топка, Сколс ќе беше совршениот играч.
сега според тебе кој е технички подобар чави или сколс, и кој е дефанзивно подобар :?????????
Незнам сеуште што не ти е јасно ? Погоре ти објаснив за ова. Scholes just can't tackle... факт.
И пак праиме муабет за глупости... различно од она за кое првенствено те цитирав.
а тоа за младите категории јас не ја исклучив можноста за пронаогање на талент..но таков како чави тешко дека ке се роди..
Еве пак ти кажувам... Не знам од кога пратиш Примера, ама пред 5 години во Шпанија имаше 10-ина Плејмејкери кои беа подобри од Чави... А Чави тогаш имаше 25 години, (значи не праиме муабет кога бил тинејџер).
Дури и можеше да го напушти клубот бидејки не добиваше шанса, а не покажуваше ништо посебно за да добие повеќе време во првиот тим. Така да да го праевме муабетов пред 4-5 години, поинаку ќе размислуваше...
Значи повторувам... Тиаго и Џдс имаат (покажуваат) исто (можеби и повеќе) талент одколку Чави и Иниеста на нивни години.
И за крај да се вратиме на она за кое те цитирав .....
Зашто Чави би летал од Барса за 2-3 години ?
За неговата позиција не е потребна голема брзина, потребна е техника и интелегенција... плус Чави никогаш немал чести сериозни повреди (како Иниеста на пример). Ти го дадов и Сколс како пример, али очигледно не си го гледал последниве два негови натпревари, па затоа и неможеш да споредиш. Чави слободно може да игра на слично ниво во следните 5 години...
--- надополнето ---
Луѓе јас колку што знам Касерес се Вратил во Барса а тоа никаде не го прочитав, Денес го видов кога се Фотографираа сите Играчи, го има и на
www.FCBarcellona.com кликните на фотографиите долу и ке го видите и Вие.
БТВ : извинете ако некој го постирал ова пред мене не сум знаел ама ако не го постирал нека ми објасни некој Дали Касерес е Наш годинава или Не.
И Хлеб и Касерес и Витор Санчес се "наши"... И тренираа со тимот, и беа на турнеата во Азија... Само што не играат, и интезивно се бара клуб кој е заинтересиран за нивните услуги.. (Позајмица или трансфер). За Хлеб има неколку заинтересирани, за Касерес И Санчес немам информации.