Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Ахахаха, зошто пишуваш некои работи кога не ги знаеш ? На АС пишува дека веста е од Кадена Сер, а Кадена Сер е еден од најверодостојните медиуми кога станува збор за трансфери. Јес да у последно време се тапа за трансфери, али да ги ставаш на исто рамниште со СпортДенес, т.е тоа што е СпортДенес во Македонија, тоа е АС во Шпанија, не бива бе бачко.. :toe:

Еве ти еден поверодостоен медиум, најблизок до најдобриот клуб... Во Спорт пишува дека, Барса ја негирала заинтересираноста кон Робињо....

http://sport.es/default.asp?idpublicacio_PK=44&idioma=CAS&idnoticia_PK=724113&idseccio_PK=803
 
Абе македонска работа..Ас и СпортДене е како да ги споредуваш Вест и Дејли Мејл или Сан(нема врска)..
Марка и Ас го пишуваат тоа што ке им го каже Мадрид..истото е и кај васс..што ке каже Барса тоа се наога на
насловниците на Ел Мундо и Спорт..тоа е се игра таму..Тие весници се само продолжена рака на клубовите..
 
Ахахаха, зошто пишуваш некои работи кога не ги знаеш ? На АС пишува дека веста е од Кадена Сер, а Кадена Сер е еден од најверодостојните медиуми кога станува збор за трансфери. Јес да у последно време се тапа за трансфери, али да ги ставаш на исто рамниште со СпортДенес, т.е тоа што е СпортДенес во Македонија, тоа е АС во Шпанија, не бива бе бачко.. :toe:

Мислам дека тоа е истиот медиум за кој МАТА ОФИЦИЈАЛНО ПОТПИША ЗА БАРСЕЛОНА ЗА не знам колку беше МИЛИОНИ, ПОТПИШАЛ ЧЕТИРИГОДИШЕН ДОГОВОР.:tapp:
АС ако се толку ценет медиум нема потреба да ја препишаат таа вест, затоа што пред 2 дена Гвардиола изјави дека не сака веќе засилувања, посебно не Робињо.
 
Добро де нормално дека медиумите барем овдешните ќе препишуваат од странските медиуми...немаат можности овие сами да дознаваат новости!
 
на вас комшии ви треба нов Чави...што мислите зошто пеп го бара Цеск толку очајно..Чавви во своите нозе има уште 2-3 години ефективен фудбал ,потоа ке биде првиот крив поради слабите резултати и ке ,,лета,, исто како роналдињо или Кројф..А од кантера како што гледам тешко дека ке извадите таков играч затоа што не гледам некои наговестување..на тоа додади дека и Пујол е зрел за пензионирање (најверојатно за 2 години)..тие на вас ви се најслабите позиции не Бускетс..
 
Го глеаше Сколс вчера ? Го глеаше пред една недела против Челзи ? 36 (неполни) години има фраерот... ја држи цела игра на Ман Утд. Чави има 30... Иста позиција, ист стил на игра... Англија е мнооогу понапорна (физички дуели) за игра. Значи...

Наговестувања ? На меил да не сакаш да ти стигне ? Со гледање натпревари од трета лига, имаш можност да пратиш дали има некој кој може да го замени Чави и Пујол или нема... Иначе има такви поединци и тоа повеќе од еден...
 
братко...
прво :сколс и чави не играат на иста позиција ..!!!!!!!
сколс игра задни везњи првиот пред одбраната во средниот ред..
чави игра како тотален креатор ..бускетс е вашиот сколс..
сколс со чави не можеш да го споредуваш
1.чави ги нема ни на пола дефанзивните вештини на сколс
2.сколс ги нема ни на пола офанзивните вештинни на чави..
плус барса и јунајтед играат тотално различен фудбал..сколс е еден и единствен по тој поглед на физичка спреме(плус тоа има и астма)..
за талентите:не мора по мејл да ми ги пуштиш од тие што се сега резерви во Барса или првотимци во Барса Б нема никој како чави..видовме против севилаа..не викам дека не можже некој да излезе но и малку е нереално вие да очекувате наследник на чави..тие играчи се рагаат еднаш во 50 години..и повторувам според мене затоа пеп толку инсистира на Цеск затоа што ја има истата филозофија на Чави..:smir:

едит:сега ја приметив реченицата на чави која ти е на профилот..
кои генијалци биле кројф и компани..кој генијалец е чави..
и поради тоа понекогаш барса ми е симпатична само поради тој уникате стилл..!!
 
братко...
прво :сколс и чави не играат на иста позиција ..!!!!!!!
сколс игра задни везњи првиот пред одбраната во средниот ред..
чави игра како тотален креатор ..бускетс е вашиот сколс..
ОМГ ! Бускетс е новиот Сколс... Исти Сколс е да си ибе векот.
У 4-4-2 нема дефолт грач кој седи пред одбраната, флечер и сколс се менуваат коа треба да ја извлечат топката од одбрана. Во барса, тој играч е Бускетс само заради различна формација, Колку пати си ја глеал Барса ? Колка пати си го видел Чави да се врати назад да преземе топка од одбраната кога Буси е маркиран ? Секој натпревар. Глупо ми е да му објаснувам на некој кој очигледно појма си нема од играта на Барса, (и од играта на Ман Утд очигледно) затоа кои играчи од двата тима може да се споредуваат... ВО Моментов единствен играч кој може да се споредува со Чави (според стил, квалитет, начин на игра...) е Сколс.
Фабрегас е типичен Иниеста. Сколс беше таков на помлади години.
сколс со чави не можеш да го споредуваш
1.чави ги нема ни на пола дефанзивните вештини на сколс
2.сколс ги нема ни на пола офанзивните вештинни на чави..
Сериозен ??? Најслаба страна на играта на Сколс во овие~ 20 години се дефанзивните задачи(одземање на топка). Сколс има многу повеќе постигнати голови од што Чави ќе успее да даде дури и ако игра како ЦФ до крајот на кариерата... Каква глупост тресна сеа не си свесен.
плус барса и јунајтед играат тотално различен фудбал..сколс е еден и единствен по тој поглед на физичка спреме(плус тоа има и астма)..
за талентите:не мора по мејл да ми ги пуштиш од тие што се сега резерви во Барса или првотимци во Барса Б нема никој како чави..видовме против севилаа..не викам дека не можже некој да излезе но и малку е нереално вие да очекувате наследник на чави..тие играчи се рагаат еднаш во 50 години..и повторувам според мене затоа пеп толку инсистира на Цеск затоа што ја има истата филозофија на Чави..:smir:
Си ја гледал Барса пред 4-5 години, кога Чави беше на клупа, кога Деко беше господ за него ??? Чави стана ова што е од 2007-2008... пред тоа не беше ни блиску до нивото на кое е сега. Така да нормално дека нема никој како него сеуште во Масиа, бидејки ЏДС и Тиаго се тинејџери сеуште, али нивниот квалитет е најмалце на нивото на Чави коа беше на нивни години, ти гарантирам, е сеа среќата, шансата и менталитетот играат голема улога за да се стигне до сегашното ниво на Чави.... Сериозно незнам како можеш да се разправаш за нешто кое очигледно не си го прател годиниве.
 
За дискусијава ќе речам дека Манга е во право бидејќи Чави има 30 години и во неговите нозе има уште 4 години фудбал.Реално.
 
Ејјј абре јас не сум Манга :nesum:
Значи не се расправаме :)

ајде вака::
фабрегас ја немал и никогаш ке ја нема поливалентноста на Иниеста
иниеста може да игра лево крило, лев везен дури понекогаш и задњи везни..
е сега за манчестер и најискрено не сум многу информиран но кога ги гледам ова мислам дека го играат
4-3-3 .добро кажа дека нема дефолт задни везнњи туку сите се универзалци..
Карик Флачер и Сколс сите знаат да играат одбрана и се знаат да играат напред.кога играат одбрана
таа формација се преформира во 4-5-1 со двајцата на крилните позиции(роналдо ,гигс)..и напагач (руни)
е сега Барса никогаш не игра класична одбрана како јунајтед(доколку така би играла би била торпедирана)
зошто???чави и иниеста во ,,стрикните,,дефанзивни задачи не се снаогаат добро..
но и не им е потребно затоа што тие играат пресинг на противничката половина и противниците не се доволно технички подковани да ги притиснат јако..(()мора даа спомне дака Јунајтед игра друг стил на 4-3-3 а Барса друг..и сега според тебе кој е технички подобар чави или сколс, и кој е дефанзивно подобар :?????????во право си за тоа дека чави се врака да ја влече топката напред но тоа дел од транзицијата на сите поголеми клубови...тоа се тие поливалнти играчи..а чави и иниеста тебе ди изгледаат дека се добри дефанзивци но ти нив така ги гледаш затоа што барса игра пресинг тааа никогаш стриктно не се брани..Фергусон исто така практикува и 4-4-2 со бербатов како полушпиц, не викам дека не..

а тоа за младите категории јас не ја исклучив можноста за пронаогање на талент..но таков како чави тешко дека ке се роди..

И значи оваа е форум тука сме да дебатираме а не да кажуваме кој има а кој нема појма ;)
 
Луѓе јас колку што знам Касерес се Вратил во Барса а тоа никаде не го прочитав, Денес го видов кога се Фотографираа сите Играчи, го има и на www.FCBarcellona.com кликните на фотографиите долу и ке го видите и Вие.

БТВ : извинете ако некој го постирал ова пред мене не сум знаел ама ако не го постирал нека ми објасни некој Дали Касерес е Наш годинава или Не.
 
Ејјј абре јас не сум Манга :nesum:
Значи не се расправаме :)

ајде вака::
фабрегас ја немал и никогаш ке ја нема поливалентноста на Иниеста
иниеста може да игра лево крило, лев везен дури понекогаш и задњи везни..

Зашо ја нема ? Затоа што не сиго видел да игра на тие позиции ? Немал потреба Арсен да екпериментира, затоа не играл... Мислиш Иниеста е многу добар на лево крило ? за к*р не го бива таму. Ова задњи везни веројатно мислиш на позицијата на Бускетс ? Таму играше Иниеста пред 5-6 години, не ми текнува точно сезоната... играше Иниеста како ДМ во Барса едно време. позади Деко.
Исто и Фабрегас, кариерата ја започна на 4-ка позиција... Пеп-позиција... Пивот. Каде што игра Бускетс моментално. Чави играше на светското многу понапред од што е навикнат и пак беше одличен. Заклучок... Сите тројца играчи се многу слични. Сите тројца играчи можат да играат на сите 3 позиции во средината. И да, ако дојде Фабрегас, ќе проба Пеп да ги игра сите тројца заедно... Незнам со каков успех али сигурно ќе проба.

Него сосема друг беше муабетот за Чави и Сколс.... незнам како стигнавме до ова.
е сега за манчестер и најискрено не сум многу информиран но кога ги гледам ова мислам дека го играат
4-3-3 .добро кажа дека нема дефолт задни везнњи туку сите се универзалци..
Карик Флачер и Сколс сите знаат да играат одбрана и се знаат да играат напред
Играат 4-3-3 САМО во тешки натпревари кога потребно е да имаат контола на топката. Вчера играа 4-4-2.
Керик и Флечер знаат, ама Сколс е еден од најлошите играчи кога станува збор за одземање топка... Сите на островот го критикуваат за тоа... 10-тици емисии имало каде што се истакнувало тоа. Да знаеше да одземе топка, Сколс ќе беше совршениот играч.
сега според тебе кој е технички подобар чави или сколс, и кој е дефанзивно подобар :?????????
Незнам сеуште што не ти е јасно ? Погоре ти објаснив за ова. Scholes just can't tackle... факт.
И пак праиме муабет за глупости... различно од она за кое првенствено те цитирав.

а тоа за младите категории јас не ја исклучив можноста за пронаогање на талент..но таков како чави тешко дека ке се роди..
Еве пак ти кажувам... Не знам од кога пратиш Примера, ама пред 5 години во Шпанија имаше 10-ина Плејмејкери кои беа подобри од Чави... А Чави тогаш имаше 25 години, (значи не праиме муабет кога бил тинејџер).
Дури и можеше да го напушти клубот бидејки не добиваше шанса, а не покажуваше ништо посебно за да добие повеќе време во првиот тим. Така да да го праевме муабетов пред 4-5 години, поинаку ќе размислуваше...
Значи повторувам... Тиаго и Џдс имаат (покажуваат) исто (можеби и повеќе) талент одколку Чави и Иниеста на нивни години.

И за крај да се вратиме на она за кое те цитирав .....
Зашто Чави би летал од Барса за 2-3 години ?

За неговата позиција не е потребна голема брзина, потребна е техника и интелегенција... плус Чави никогаш немал чести сериозни повреди (како Иниеста на пример). Ти го дадов и Сколс како пример, али очигледно не си го гледал последниве два негови натпревари, па затоа и неможеш да споредиш. Чави слободно може да игра на слично ниво во следните 5 години...

--- надополнето ---

Луѓе јас колку што знам Касерес се Вратил во Барса а тоа никаде не го прочитав, Денес го видов кога се Фотографираа сите Играчи, го има и на www.FCBarcellona.com кликните на фотографиите долу и ке го видите и Вие.

БТВ : извинете ако некој го постирал ова пред мене не сум знаел ама ако не го постирал нека ми објасни некој Дали Касерес е Наш годинава или Не.

И Хлеб и Касерес и Витор Санчес се "наши"... И тренираа со тимот, и беа на турнеата во Азија... Само што не играат, и интезивно се бара клуб кој е заинтересиран за нивните услуги.. (Позајмица или трансфер). За Хлеб има неколку заинтересирани, за Касерес И Санчес немам информации.
 
Виктор Санчез играше на турнеата и постигна 2 гола додека Хлеб и Касерес не играа.
 
Виктор Санчез играше на турнеата и постигна 2 гола додека Хлеб и Касерес не играа.
Да де, грешка у чекори... :) Важно Пеп не смета на тројцата за следнава сезона.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom