Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
66629_555249004496437_894429968_n.jpg
 
Ако за ништо друго за сликање и за тепање му нема рамен на Пинто :P :pos:
--- надополнето: 17 февруари 2013 во 00:29 ---
И за пенали бранење заборавив... :D
 
Еве како Мундодепортиво радио го прослави голот на Меси :pos::pos:

https://soundcloud.com/mundodeportivo/remontada-en-radio_md-granada1
Брат едвај куртулив од татко ми,ќе ме убиеше ,го отворам линкот,звукот на лаптопот на максиум,а овие се дерат :tapp:
Иначе Меси постигнува погодок на 14 последователни меча во Ла Лига,што е рекорд во лигата,а истотака го изедначи и рекордор на Пеле....
 
Колку лош натпревар, цела среќа што победивме. (Не ги бројам двата поништени гола и дискутабилниот гол на Гранада). Толку лошо организирана игра не сум видел оваа сезона, Тиаго има уште фурни леб да јаде за да го стигне Чави. Фабрегас се чудеше што да прави со себе, Иниеста, влезе..ко да не влезе...одбраната и Санчез од разбирливи причини не ги коментирам. Инаку за одбележување...цели 15 минути на крајот не можевме центар да поминеме.
Вака со Милан и ќе го јадеме стапот.
Како и да е, честито победа и одиме понатаму. :)
 
Сите пишувате: 'Ако играме вака со Милан...', 'Ако се понашаме вака со Милан...', 'Вака против Милан не смееме...'
Олабавате момци, да да, сигурно дека со Гранада(комбиниран состав, над 10 бода предност пред 2от на табелата) и со Милан(1/8 финале, ЛШ) исто ќе играме. Аха, да. :) Момците се од вчера фудбалери, па не знаат како да пристапат со Гранада и со Милан. :))
 
Реков јас дека е ретардиран Санчез. Мене ми е јасно дека не е некој финишер. Ама тој уопште не шутира...3 пати излезе 3 пати се сплетка без да упати удар. Нека фаќа магла од кај што дојде.

Комедија беа и судиите од Мадрид. Сеуште не сфаќам како може судија од Мадрид да суди на Барселона, ама нема везе.
Еден поклонет гол и 2 поништени на Барселона од еден исти помошник. Алал нека му е. Најјако ми беше, кога Игало се издрибла сам себе и излезе во аут, а Пике стоеше на метар од него и овој досуди аут за Гранада:pos:

И добро, свесни сте што пишувате? Ова било лоша игра? Па имавме еден куп шанси во второ полувреме. Можеше 2:2, а можеше и 1:5 на крај. Плус не заборавајте дека игравме без Чави и Иниеста со 10 играчи против нивни 12.
 
Како само од еден натпревар со отепаната гранада констатиравте пад на формата на педро,себичност на иниеста,себичност на меси,изгубеност на фабрегас и слично.
толку негативни коментари за само еден натпревар,и тоа со гранада.
јас за натпревари во ла лига веќе не се ни трудам да коментирам :D
 
До кај е Чави со систематскиот преглед ?:D
Му земаат крв и мокрача :D Море нека не го брзаат, има време да се врати, онаму за купот нека биди :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom