Епа луѓе...помина гужвата ...сега малку потрезвено да искоментираме

Значи прво...Секој 3 пост ми е дека одбраната на Барса многу често прави глупости...денес беа можеби и најголемите глупости, среќа што не се одрази на крајот. Да сум јас на местото на Пеп, сега би ги шамарал сите играчи од одбраната, дури и 10 2 да тепавме.
Второ...Уште еднаш се покажа дека Бојан, Педро можат да играат во првата екипа, одиграа одлично (освен оној EPIC FAIL на Боки)...со нив играта е многу побрза, потечна...со акции и додавања, баш како што треба да биде.
Трето...разбирам, победивме, славиме...ама да не заборавиме има уште еден натпревар до крајот..против Ваљадолид, екипа која се бори за опстанок што само по себе значи дека ќе биде тешко, сетете се само против Тенерифе...а и сетете се какви глупости прави одбраната. Значи во последниот натпревар мора крајно сериозно да изиграат сите, да одиграат на вистинското ниво и дури потоа да славиме.
VISCA EL BARCA !!!