Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата LaVista
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
30627392.jpg


dovolno za mozen infarkt:jaj:
Гледај позитивно на работите:) Трајче доби жолт што му е воедно петти мислам и туре ќе игра против Ваљадолид:)
Помина тешкото, останува само рутината.

Добро играа ама кога го примија вториот гол ми застана срцево :)
Морам да го коментирам Бојан, освен шансата што ја футна на празен гол, изигра феноменален натправар. Меси веќе не го коментирам стандард 10ка. :)

Меси денеска и не беше баш за 10ка. Имаше неколку шанси ги промаши, имал и многу подобри натпревари од овој.

Е сега смирено, после прошетката низ чаршија.
Последните 20 минути се тресев место не ме фаќаше,посебно кога изведуваа некои си ебани фаули или корнери. Ама кога го видов дека валдес ја испуца топката и дигна раце беше хулиганска страст по дома:) Ко улав трчав и се дерев, тешко на моиве беше:):)
Многу пати имма речено одбранва годинава си прави екскурзии. Пујол во последно време не игра на тоа ниво ко лани на пример. Пике е добар ама и он на моменти дрндупка си игра. Денеска Максвел и Дани морам да ги испофалам:vozbud::vozbud::vozbud:Денеска беа ѕверови и двајцата посебно Дани кој се уби од трчање, ама добро навика му е тоа секоја утакмица него:)
Како и да е честито победа, а за титула сепак ќе почекам до наредниот викенд да не си ја барам бељата за џабе:):):)
VISCA BARCA

едит: Да ве поздравам со химната на фан-клубов
:vozbud::vozbud:
 
Знаете дека ги немаме Чави и Бускетс(мислам) за Ваљадолид?
Изгледа ќе мораме да го гледаме Меси во средина,а напред да играат:Педро,Бојан и Ибра.:nesvest:
 
Се надевам дека следната недела вака ќе се пее:

 
Чави вечерва повторно беше брилјантен, штета што виќендов нема да игра заради 5 жути картони.
Дани ѕвер, трчаше како да му е последна утакмица. :)
Меси и Бојан заедно утнаа три 100% шанси, посебно Бојан со празниот гол, лесно можеше да биде 5/6-0 за Барса.
Нападот од кантерата на Барса има вкупно 51 гол. :vozbud:
 
Супер натпревар посебно првите 69 минути а и песната е супер
 
Чави ќе игра против Ваљадолид а Бускетс нема да игра, а повредата на Максвел сериозна е или?
 
6 zolti kartoni ima vkupno ova sezona i 4 na La Liga,1 protiv Makedonija:) i 1 protiv Dynamo Kiev vo LS
 
Уфф каков натпревар, таман помислив петарди ќе запукаат ние примивме два ефтини гола и после се тресев ко епилептичар.. цц не е ова добро за здравјето :)

Едно големо браво за Дани, Максвел и Чави кој играше повреден. Исто и за Меси и Бојан иако испромашија зицери кои можеби ќе не коштаа титула.

Со Ваљадоид очекувам една петарда, крајот го краси делото!

ВИСКА ЕЛ БАРСА :blaugrana:
 
Еве ме мене после мнооогу долго време, неможев да го следам форумот имав некои приватни проблеми па затоа.

Додека ме немаше се случија многу работи, најважната е тоа што испаднавме од Интер во ЛШ. Некој ќе рече имаше низа неодговорени прашања за тоа дали третиот гол во Милано бил од офсајд или дали имало пенал врз Алвес и ред други. Реалноста е таа, немавме среќа да постигнеме уште еден гол на Кампот и испаднавме. Повеќе среќа ќе имаме наредната година. Освоивме три титули оваа сезона, одиме по четвртата. Играме на највисоко ниво, тоа ме радува. После 6 те трофеја во 2009 и да бевме 5 години без титула немаше да жалам, затоа што тоа што го направија момците во 2009 беше перфектно.

Можеби некој ќе освои 6 трофеи во скоро време, можеби нема, но знам дека нема никој да ги освои со таков стил како што ги освоивме ние. Едноставно нема копија на таквата игра.

Ни остана уште лигата до која се приближивме претерано многу вчера. 2-3 на еден од најтешките терени во Шпанија не е мала работа, иако можевме да победиме со многу поголема разлика, можевме да не ги примиме 2та гола што ги примивме, но тоа е веќе завршена работа.

Сума сумарум горд сум на овој тим... горд сум што имаме такви играчи, горд сум што имаме таков тренер, горд сум на FC Barcelona. Ако можам, би му понудил доживотен договор на Пеп.

pep_guardiola_rueda_prensa.jpg


Премногу сме блиску до Лигата, ја заслуживме, да се надеваме дека ќе славимe во недела. :smir:

Visca el Barca:barca:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom