Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата LaVista
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
аман бре!!! Шо прават докториве во Барса ?? кој ќе играат против Штудгарт ? Туре да не знае некој кога се враќа ? и Дани Алвес ќе биде ли спремен за Штудгарт ??
 
Браво, Браво и Чави повреден не ми се верува еј ќе испаднеме од Штудгарт со ваков состав.:toe:
Иначе за натпреварот од вчера немам коментар, Викецот не спаси можда од 4-1. :(
 
Браво, Браво и Чави повреден не ми се верува еј ќе испаднеме од Штудгарт со ваков состав.:toe:
Иначе за натпреварот од вчера немам коментар, Викецот не спаси можда од 4-1. :(

НЕВЕРОЈАТНО!!!! Немам зборови :nesum:

За мечот со Штутгарт не се секирам...и да игра некој од младинците во средниот ред ќе биде добро,во одбрана се враќаат Пике и Маркез така да Пујол може да игра како десен бек.

И со Штутгарт Анри мора да игра :)
 
eve i na sport.es ima za xavi deka e povreden
http://www.sport.es/
Леле бе што е ова веќе со повредиве,што се случува,уште тоа ни требаше сеа и Чави да се повреди:tapp:,сеа незнам само со кој среден ред ке излеземе против расинг,зашо Бускец е суспендиран мислам и нема да настапи на тој меч,а Кеита и Туре се повредени,така да го имаме само Иниеста,пак ке треба со некој од младинците,најверојатно тоа ке биде Тиаго,али има време до сабота и ке видиме што ке биде,али ја сум сигурен и со кој среден ред да излеземе дека ке го тепаме Расинг
 
Сигурно му имаат Платено Реаловци на Парис Хилтон овој пат нас да не Проколне...:vozbud::vozbud::vozbud:
 
Нема место за паника, уживајте.

Еве една добра вест .. Алвес и Маркез почнале да тренират, така што би требало да бидат фит за со Сантандер.

Чави ќе го немаме само за Сантандер и Штутгарт, и мислам дека и не е којзнае колкав хендикеп. Ќе ни фалат 2-3ца првотимци, али јасно е дека Сантандер ќе падне на Камп Ноу. Одбраната кажи речи ќе ни се комплетира, Алвес и Маркез се враќат, Пујол и Максвел се фит така да нема потреби за да се дига паника. И Пике заборавив да го спомнам.
 
Без гајле, ќе играат Куман и Бакеро. Нема место за паника. позз.
 
Ај јас со едно големо задоцнување да пишам два-три збора
Јебига изгубивме. Се најде таа екипа што успеа да не тепа и нека им е честито. Натпреварот не го гледав ама како што читам повеќе од заслужена победа на Атлетико. Ова гостување било тешко за анс плус Атлетико се повеќе од мотивирани кога играат против нас. Сепак ние сме сеуште на врвот имаме два бода предност кои нит се многу, а нит се малку.
Сега одиме на Сантандер кого мораме да го победиме прво за да ни се врати самодовербата второ за да успееме да ја одржиме предноста со Реал. Имаме многу повредени играчи ама во следниве три утакмици несмееме на тоа да се вадиме. Играме со потпросечни екипи (тука ги ставам и Штутгарт кои неможат да мрднат во Германија:toe:) така да очекувам три сигурни победи и ако случајно киксне Реал да ја зголемиме предноста повторно:)
 
Браво за Атлетико, одиграа момците одличен меч и поразот беше неизбежен.
После голот на Ибра, очекував тотален пресврт, имавме доминација после тој гол но недоволно за да се постигне уште еден во првото полувреме.
Второ полувреме незнам што се деси, тотална анемична игра од нашите, можеби влијание имаше и слабата игра на Чави, што била и оправдана заради заработената повреда.

Но што е, тука е, нема враќање. Ајде сега да се вратат повредените што побрзо, да не се повторат ваквите лоши пеколни недели со повреди и да започнеме една нова долга серија победи која ке трае до крајот на Мај.:):)
 
Не може постојано да се победува :)
Искрено, поголемиот дел од екипата изигра навистина слаб натпревар.
Ни фалат еден куп играчи, (и Чави????? ). Ќе биде тешко на наредните 3 дуели (најмалку), но мора да се остварат победи.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom