Анри дава многу во играта на Барса, освен што одлично напаѓа по левата страна исто и константно се враќа да помага во одбраната, нешто што ствара дополнителна тежина за сите напаѓачи, но малкумина се тие кои го можат тоа.
Што се однесува до мене, иако Анри има уште 1 до 2 добри години сепак не би го трампал за Робињо, а уште помалку па и пари да се доплатат за него, а сигурно арапиве ќе бараат едно 35-40 милиони евра.
А ако веќе Пеп решил да го продава Анри и ако трга по нов играч онда тоа нека биде Давид Силва. Дечкото вчера одигра фантастичен натпревар, постигна 2 гола, го имаше буквално секаде на теренот. Мислам дека оваа ќе биде многу добра година за Силва и набрзо може да стане недопирлив.
Доколку во моментов би можел да бирам помегу Рибери и Силва ондак мојот глас дефинитивно иде за Силва. Тек сега доаѓаат неговите најдобри години. Барса побрзај.:smir:
п.с. Виера е далеку од тој што беше во Арсенал но за еден месец може да послужи и секако да не забораваме дека на таа позиција добро може да изигра и Маркес. Често играше на таа позиција кога на клупата беше Рајкард.
Плус, не го заборавајте Пиќе, дечкото дава подобри пасови од 80% од сите плејмејкери во светот. Сигурен сум дека може да одигра одлично на позиција ДМ, има долг чекор, брз е а пасот му е страшен. Може Пеп доста да комбинира за таа позиција, а тука исто е и Бускетс.