Се немам ставено од вчера, па не планирам на секој посебно да одговарам.
1.Пике-од Манчестер (4 години помина таму, па си го плативте).
2.Алвеш
3.Туре
4.Анри
5.Ето
6. Најголемата ваша ѕвезда-Роналдињо.
7. Абидал
8. Хлеб
9. Маркез
Сетот тоа се луѓе кои не се од ваша школа. Не викам дека Ви е слаба школата, туку дека и вие купувате ѕвезди. И не е еенаш во 10 години, туку секоја година.
Пике - Каталонец од школата на Барса...во Ман Утд ретко играше прва постава, би го нарекол ѕвезда? Барса му даде шанса и се покажа, Барса го направи она што е денес.
Алвеш е најскапиот фудбалер што Барса го донела. 1/3 од трансферот на Роналдо во Мадрид.
Туре за 10 милиони од Монако. Барса го направи ѕвезда.
Анри беше можеби најзвучното име минативе години донесено, и сепак околу 25 милиони, па сметај колку е тоа во однос на сумите кои вие ги плаќате. Бензема излезе далеку поскап од Анри.
Ето, ја имаа од Мадрид шансата да им биде играч, но го отфрлија, најверојатно поради тоа што немаше звучно име и немаше да продаде дресови колку Раул или денес Роналдо. Значи за вас беше далеку од ѕвезда, а еве што е денес после неколку сезони во Барса. Има можност да биде најплатен играч на планетава во Сити.
Роналдињо колку што се сеќавам беше донесен за 30 милиони. Блесна во Барселона, освои се што можеше, во Милан не може да претне. И да, иако продаваше дресови ко алва, го продадовме. Во Барса всушност се занимаваат со фудбал, не со бизнис.
Абидал не се ни сеќавам колку пари беше, но во денешниов тим е најслаба алка. Така да не би го споредувал со ѕвезди од калибарот на Зидан, Роналдо, Кака, Бекам...голема разлика.
Хлеб беше околу 15 милиони. Колку голема ѕвезда е си знаеме ние што гледаме Барса секоја недела.
Маркез...од кај го донесоа хмм од Монако? Не се сеќавам. Маркез ако беше ѕвезда пред да дојде во Барса тогаш...незнам ваљда од инат тоа го пишуваш.