Минатата сезона одбраната беше најслаба линија во Барселона. За поздрав е потегот на управата за новите засилувања. Оваа сезона во 13средби гол разлоката е 26-10, само 10примени гола(најмалце во лигата) а во ЛШ нема примено гол оваа сезона.
Вчера, прво полувреме немавме шанси...како и обично само посед и топката цело време кружи окулу шеснаесетникот на противникот, Ињеста ја завзема позицијата на Роналдињо(лево напаѓачко крило) а Гудјонсен позицијата на Ињеста(среден ред-креатор на акции). Значи прво полувреме се играше со 4-3-2-1. Второ полувреме Рајкард почна со истата постава-формација, само што Ињеста и Гудјонсен си ги заменија позициите т.е Рајкард ги врати на нивните природни позиции, и веднаш се виде поорганизирана игра и повеке шанси. Кога виде дека не иде(нема гол) Рајкрд реши да ја промени формацијата со влегувањето на Бојан(гудјонсен излезе).
4-1(туре)-2(ињеста-чави)-1(меси-имаше слобода идеше лево/десно)-2(анри-бојан)....значи 4-1-2-1-2 беше формацијата која донесе победа. Анри уште еднаш покажа дека е класа играч и поради неговата несебичност беше постигнат вротиот гол на Бојан.
Сега ке чекаме кога ке се вратат повредените(Ето, Роналдињо, Деко, Џовани) па да видиме со каква формација ке игра, и кој ке биде изоставен од првиот тим. Баш кога имаме најгуст(тежок) распоред ке се вратат сите, и тогаш ке видиме колку точно вреди Рајкард...и ако не се покаже, ке нема изговори(правдања) и верувам дека сам ке си поднесе оставка и на негово место ке дојде Мурињо, кој и самиот изјави дека има желба да се врати во Барса каде пред неколку години(пред да иде во Порто) беше помошник тренер(на Ван Гал мислам)