- Член од
- 25 септември 2008
- Мислења
- 8.785
- Поени од реакции
- 1.556
- Возраст
- 31
Е шо нема шанси така кажаа не знам на која утакмица беше,исто и ти како што викаш за премиер и примера што кажал вчера коментаторот:smir:
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Па готово е више.Канал5 ги имаат откупено 100000000% ќе има на канал5.Нема шанси на Канал 5 ќе си остане на мтв1![]()
Како бе нема шанси. Кажано е дека на Канал 5 ќе има Лига на Шампиони и Европа Лига од догодина, па се до 2012 мислам дека имаат откупено права. Така да догодина ако заврне малку и ако згрми малку како шо знаат Канал 5 одма да исклучуваат ќе гледаме Лига на Шампиони на интернет.Нема шанси на Канал 5 ќе си остане на мтв1![]()
Многу добар текст, алал нека му е на новинарот шо го напишал.Добар текст, вреди да се прочита. Преземено од www.sport.com.mk
Запазете ги болдираните делови...... MES QUE UN CLUB !
"КАТАЛОНЦИТЕ" БЕЗ НИКАКВА ДАМКА ПОБЕДИЈА ВО 54. ФИНАЛЕ ОД ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ И СТИГНАА ДО ТРЕТАТА ТИТУЛА
Барселона - нешто повеќе од клуб
Многу вода истече од 24 јули 2008 година кога новиот тим на Барселона без Роналдињо, Деко и Лампард, но со Алвес, Пике и Гвардиола го одигра првиот контролен меч во Шкотска. Многумина тогаш, вклучувајќи го и Диего Марадона & предвидуваа катастрофа на каталонската гордост затоа што на клупата има неискусен тренер, а во тимот нема лидер како Роналдињо и покрај неговата ужасна форма во претходните две сезони. Исто толкав период клубот беше без титула, во голема институционална криза, со кризен штаб кој бараше промена на претседателот Лапорта. Капак на с$ беше поразот од Нумансија во првото коло и ремито со Сантандер потоа, тогаш од Барса се откажаа и најголемите навивачи.
Десет месеци подоцна Барселона е најпосакуваниот фудбалски клуб во светот, колектив кој успеа да ги маѓепса дури и оние што никогаш досега не гледале фудбал или воопшто не го сакале клубот. Освои титули во сите натпреварувања во кои учествуваше и, што е уште поважно, тоа го направи на спектакуларен начин. Победите против Реал Мадрид на Бернабе со 6:2, Базел на гости со 5:0, Спортинг Лисабон на гости 5:2, Лион дома 5:2, Баерн дома 4:0 и уште неброени "петки" и "шестки" во домашното првенство ја направија Барселона најголема атракција во светот на фудбалот.![]()
Врв на с$ беше доминантната и сосема заслужена победа против Манчестер Јунајтед во финалето од Лигата на шампионите. Ако и имаше некоја дилема во квалитетот на Барса по оној сомнителен натпревар против Челзи во полуфиналето, сега веќе нема. И навивачите на Јунајтед признаа дека е "добро да се биде веднаш за најдобриот".
"Ако напаѓате и ако сте храбри, имате поголема шанса да победите. Не бевме кукавици ниеднаш во текот на мечот. Не постои ништо поопасно отколку да се ризикува. Јас само велам дека Барселона секогаш ќе игра напаѓачки, без оглед на с$ ", изјави новата тренерска легенда на Барса, Пеп Гвардиола, кој уште во својата прва сезона се запиша во историјата на овој клуб остварувајќи нешто што не им успеало на Кројф, Ван Гал, Рајкард итн. Токму тоа што Барселона секогаш игра на гол повеќе од противникот ја прави клуб со стил, всушност ја прави "нешто повеќе од клуб", како што вели слоганот на Барса.
Малку поради лошата концепција на Фергусон, малку поради среќата брзо да постигне гол, но Барселона беше најдобра кога најмногу требаше. Дури, ако напаѓачите и Пујол беа поприсебни, каталонскиот клуб ќе славеше многу поубедливо во Рим.
"Сакам да им се заблагодарам на навивачите и се надевам дека уживаа во моментот. Последните години не беа добри за нас, но тие се бореа заедно со нас и сега дојде време да се радуваат", рече капитенот Пујол, кој за три години двапати го крена големиот пехар од Лигата на шампионите.
Кога играчи како Роналдо, Видиќ, Гигс и Сколс ќе останат фрустрирани поради играта на противникот, јасно е дека Барселона направи голема работа во финалето. Дека е тоа така признаа и сите фудбалери на Јунајтед, но и менаџерот Алекс Фергусон, кој можеби првпат во овие 23 години откако е на клупата на овој клуб беше комплетно надигран.
"Не игравме како што умееме, но треба да & се честита на Барселона. Меси не беше проблем, Чави и Иниеста ја држеа топката цела вечер и максимално ни ја отежнаа работата. Не можам да издвојам некој што не ја заврши својата работа, но очекував повеќе моите фудбалери", призна Фергусон, кој можеби во очај додаде дека Јунајтед ќе победел ако во тимот бил суспендираниот Дарен Флечер заборавајќи притоа дека Барса играше без најдобриот бек во светот Дани Алвес.
Дали ова беше големо финале? Не беше ниту најголемо, ниту најдобро, но денес се игра подобар фудбал отколку во минатото. Беше побрзо, поспектакуларно дури и она што се играше лани во Москва. Но, ќе остане запаметено по тоа што Барселона третпат стана европски првак во сезоната која и ја одбележа овој клуб.
И јас го читав ова не знам кај беше можеше и коментари да се пишуваат и имаше неколку глупи дека тој што го пишувал текстот бил навивач на Барса.:pos2:Добар текст, вреди да се прочита. Преземено од www.sport.com.mk

Нема линк така слушнав^Линк од информацијата може ??
И јас слушнав на А1 но кој разбира Шпански нека го прочита ова http://www.elmundodeportivo.es/gen/...c-central-del-manu-se-ofrece-al-barsa.htmlјас како што разберав Видич е се поблиску до Барса тоа само го разберав , така изјавува весникот на Барселона.Нема линк така слушнав![]()