Во последните пет полуфиналиња во европските купови, Барселона на натпреварите кој ги играше на свој терен не успеа да постигне ниту еден погодок.
Последниот домашен гол за Барселона во оваа фаза на УЕФА натпреварувањата го постигна Џерард Лопез во 2000година против Валенсија, но тоа не ги спаси каталонците од елиминација. Во наредните осум години, каталонската спортска гордост пет пати доаѓаше до полуфиналето, но само еднаш се пласираше во финалето и тоа благодарејки на гостинската победа на Сан Сиро, против Милан.
Последниот гол за Барселона воопшто постигнат во полуфиналето на европските купови е дело на Лудовик Жили, кој ја затресе мрежата на Милан во 2006година. МИнатата година Барселона беа елиминирани од Манчестер Јунајтед со голот на Пил Сколс на Олд Трафорд, а актуелните 0-0 против Челзи ветуваат слично сценарио овојпат на Стенфорд Бриџ, со оглед на тактичките способности со кој располага холандксиот стручњак Гус Хидинг.
Проклетството на Барселона на Ноу Камп:
2000/01 Ливерпул 0:0 / 0:1
2001/02 Реал Мадрид 0:2 / 1:1
2005/06 Милан 0:0 / 0:1
2007/08 Манчестер Јунајтед 0:0 / 0:1
2008/09 Челзи
0:0 / ?
извор:
www.sportdenes.com
Инаку по натпреварот вчера, сите играчи на Барселона кој дадоа интервју за медиумите, сите кажаа дека судењето било "смешно". Гвардиола посебно критикуваше.