Манданда замена за Валдез
Голманот на Олимпик (Марсеј) Стив Манданда е еден од оние голмани кои се најсериозни кандидати за пополнување на местото на Виктор Валдез на голот на Барселона, пишува весникот "Ел Мундо Депортиво".
Досегашниот договор на Валдес истекува на крајот на оваа сезона, а од клубот не прават ништо за да го продолжат. Освен францускиот голман кој е одличен на голот на Олимпик М. и е репрезентативец на Франција постојат уште неколку алтернативи за голманската позиција во Барселона, тоа се Диего Лопес (Виљареал), Асенио (Ваљадолид), Реина (Ливерпул), Буфон (Јувентус) и Чех (Челзи).
Секако од страна на раководството на Барселона останува да одлучи за која варијанта би се одлучило, но очигледно се чека расплетот во ½ финалето од Лигата на Шампионите и евентуалното рано освојување на титулата во шпанската прва лига.