Се надевам на уште една победа иако ке биде и повеќе од тешко да се совлада Бетис на негов терен, меѓутоа сите потешки утакмици Барселона ги направи да изгледаат како да играле со најслабите во лигата. Иако без капитенот, во составот ке се врати Маркез кој со Пике би ја сочинувале одбраната иако и Касерес може да биде награден за минатото неделните одлични перформанси.
И Кеита се враќа по повредата меѓутоа Пеп нема да ризикува со него во првиот состав. Јаја Туре очекувам да биде меѓу стартерите исто како и Чави и Иниеста во средниот ред. Исто така очекувам меѓу стартерите да бидат и МЕСИ, Ето , Дани Алвес, Абидал и Хлеб. Анри мислам дека ќе поштеден за оваа утакмица и само ако има потреба би влегол.