Фан Клуб: Баерн Минхен

  • Креатор на темата Креатор на темата ЧЕНТО
  • Време на започнување Време на започнување

.

  • .

    Гласови: 7 87,5%
  • .

    Гласови: 1 12,5%

  • Вкупно гласачи
    8
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Да не се уплашите, јас сум, Никола.:)
Еве се разбудувам сабалјево и гледам порака на мобилен, Баже ми пишал дека Рибери официјално потпишал до 2015. Ме израдува барем малку, но сепак треба време да се подигнам психички.
Се уште не сум способен да пишувам анализи или што ни треба, а што не, за наредната сезона, само ќе кажам дека вБајтен не сакам да го гледам повеќе во Баерн. Колку и да го сакав, вчера крајно ме разочара и тоа не кошташе титула. Тоа е.
 
Ван Бајтен од наредна година да го ставите да ви продавада семки и цигари пред стадион!
 
^ Ајде тишина сега.
Знаеме дека сите сте моќни за најдување професии на играчите после пораз, а посебно во некој ваков натпревар. Ако некој треба да кажува кој кај да оди в година и кој да дојде и такви работи, ние навивачите на Баерн ќе си ги правиме стратегиите и можните опции за наредната сезона. Ете имате тема за финалето, таму колку сакате ремет мавајте за кого сакате од играчите, овде не. Сепак тие се играчи на Баерн (сеуште).
Благодарам.
 
Хахахаха тука у Германија ко ден на жалост е, сите само плачат шо изгубија...
 
shteta. mnogu mi e teshko a tolku beshe blisko osvojuvanjeto na peharot . tapa igra na demichelis i van buyten.
dogodina povece sreka ..i mnogu mnogu goloviiii
samo napred momci
 
ај малку да се израдувате по изгубеното финале,но секоја чест за робен и компанија искрено не очекував дека ќе стигнат до тука
Официјално: Рибери потпиша нов пет годишен договор со Баерн Минхен Објавено на: 13:02 23.05.2010
од 24fudbal.com.mk

ri%20ro.jpg
Франк Рибери стави потпис на нов пет годишен договор со Баерн Минхен и стави крај на сите шпекулации кои го поврзуваа со заминување од клубот. По синоќешниот пораз од Интер во финалето од Лигата на Шампионите, позитивни вести за навивачите на Баерн Минхен, Рибери стави потпис на нов пет годишен договор со клубот. Рибери силно се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид, во игра беа и Челзи и Манчестер Јунајтед, сепак Французинот останува во Баерн Минхен.
"Ние сме многу задоволни што еден од најдобрите фудбалери во светот прифати продолжување на договорот" - изјави Карл Хајнц Румениге.
"Ова исто е знак за големите цели на Баерн Минхен во идните години".
Рибери вели дека е многу среќен што ќе остане во Баварскиот клуб.
"Јас сум многу среќен што ќе останам во Баерн. Мојата фамилија и јас сме многу среќни во Минхен. Овој клуб стана голема фамилија за мене" - изјави Рибери по потпишувањето на договорот.
 
Знаеме уште од 11:10 сабајлево официјално :smir:

Да се приклучам кон неколку други коментари - се што треба за наредна сезона е штопер и по можност крилен бек (ама искусни, таленти имаме кои ќе се развиваат уште година-две). Друга активност на трансфер пазарот само ако некој си оди од резервите.

Напаѓач не би се сложил - наредна сезона Гомез мора да покаже што знае. Првата обично знае да оди јабана ако не се погоди баш се (како на пример во случајот на Робен) па може да добие уште една сезона шанса. Не е будала вГаал чим Клосе го става пред Гомез мора да е жива мувла на тренинзи па мора да оди нагоре Гомез. Освен тоа при Милер, Олиќ, Гомез, Клосе (сеуште е под договор да не заборавиме), Робен, Рибери и Кроос уште еден офанзивец е едноставно премногу.

И догодина се надевам повеќе дека ќе ротира вГаал. Милер му е миленик па живо ме интересира како ќе ја реши таа ситуација. Со Кроос добиваме уште поинтересни опции за тактички варијатни. Секако мислам дека ќе се игра 4-2-3-1 и само Рибс и Робен имаат гаранција за 2 од тие 4 места во офанзивата.
 
Момци морам да ви честитам за прикажаната игра и борбеноста.....ајде до година повеќе среќа.....и според мене колективно вие сте најдобрите навивачи додека за најлоши ги сметам оние од Јунајтед.......И дај престанете со плукање по Ван Гал и играчите....дадоа се од себе...сега најлесно е да се обвини тренерот...знаете како викаат:Победуваат играчите а губи тренерот!!!! Мал ремонт и в година пак финале!!!!!
 
Не ги плукаме брат свесни сме за тоа што го покажаа сезонава! Во Август некој да ми речеше финале на ЛШ правец Бардовци ќе го пратев. Многу мали корекции и се потребни на екипава и топ сме и наредна сезона атакуваме на врвот.

А за навивачите... горд сум што имаме такви фанови едноставно. Кој беше на некој од собирите во Ајриш - знае што зборувам.
 
cry%20baby.jpg

Неееееее... не сме ние вакви...

:back:
 
^ Иначе си направив заебанција на моја сметка, јбг емоции беа тоа.:)
 
Знам али се обидов да сменам тема пред да се издаеш... неуспешно :smir:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom