Фан Клуб: Баерн Минхен

  • Креатор на темата Креатор на темата ЧЕНТО
  • Време на започнување Време на започнување

.

  • .

    Гласови: 7 87,5%
  • .

    Гласови: 1 12,5%

  • Вкупно гласачи
    8
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Поучен од минатата сезона,не би давал сериозни прогнози.Победата над Милан од 4-1 и нерешениот дуел со Манчестер не би ги земал премногу сериозно,ама даваат јасен и силен сигнал за следната сезона.Сигнал дека Ван Гаал својата визија почна да ја спроведува во пракса и тоа се покажа.Баерн игра пресинг,ја држи топката во свој посед со многу брзи и прецизни додавања.Тактички одлично поставени што многу ми се свиѓа,и со тоа добивме една формација преку која сме тотално мобилни.Може комотно да се нападне од секоја позиција која изгледа поволна во дадена ситуаиција.Десната страна полека се пробива,го нема веќе оној триголник Лам-Зе Роберто-Рибери како проверена комбинација,која може толку лесно да се прочита од противникот.Само се прашувам како тоа ќе изгледа кога наместо Баумјохан на пример ќе застане Рибери,место Милер-Олиќ,кога Лам ќе се префрли десно....И вака функционира одлично,и со тие двајца малдинци,па само можам да замислам што ќе биде кога Рибери ќе превземе команда помеѓу двајцата напаѓачи.Малце мути работа одбраната.Бадштубер има огромен потенцијал,ама сезоната е доста долга,нема играно во ЛШ,незнам како мисли тоа да го реши Ван Гаал.Ништо чудно тука да се појачаме до крајот на преодниот рок,ама тоа ќе биде на крај,кога цените ќе бидат поповолни...
Тоа е тоа,се чека стартот на сезоната,и господ да ги чува фудбалерите од повреди!!!
 
Стварно не би сакал да скокам во заклучоци но Ауди Купот беше супер изигран и тоа без носечките Рибс и Клосе. Некој нови дечки ко Баумјохан и посебно Бадштубер (од кај го изкопаа него ставрано не ми е јасно) стварно ме импресионираа. За Милер нема шо да ме изненадува уште од лани очекував, уште и Кроос да се вклопи во целиов концепт кога ќе се врати и топ екипа на „домашни“ играчи имаме.

За засилувањата - од Тимо очекувам многу повеќе, Брафхајд е просечен бекап а Прањич би го играл лев бек зашто солидно нафрлува (во средина со вБомел, Швајни, Алтинтоп, па и Соса може поповлечено малку... има доволно алтернативи). Лам мора да се навикне на десна страна ама мислам тоа ќе дојде без проблем за месец-два.

Нападот веројатно ни е најдобар или во најмала рака меѓу најдобрите во Европа... Клосе, Гомез, Олиќ, Тони сега и Милер... Во офанзивна средина Рибс е сигурен кога ќе се врати нормално, Соса од натпревар во натпревар е се подобар, а и Баумјохан и Милер исто многу солидно си ја вршат работата на таа позиција.

Мислам дека има релен потенцијал екипава за година-две да стаса кај што беа Ефе, Кан и компанија меѓу 99 и 02 - само треба стабилна работа, уште 2-3 засилувања на конкретни позиции и спроведување на концептот што го има ван Гал...
 
Засилување нема да има освен на голманската позиција бидејќи веќе имаме премногу играчи во тимот, јас сум задоволен со играта и мислам дека има голем потенција во младите играчи.Едвај чекам Олич да се врати и ќе имаме брз напаѓаќ кој има и техника и најважно трча по одбранбените играчи.Одбраната ме мути малце ,Швајни има конкуренција и почнува да игра, Ван Бомел во добра форма.Има мотив а Ван Гал одлично го деригира тоа...Среќен почеток на бундес лигата па кога ќе се вратам се слушаме:helou:
 
Стварно не би сакал да скокам во заклучоци но Ауди Купот беше супер изигран и тоа без носечките Рибс и Клосе. Некој нови дечки ко Баумјохан и посебно Бадштубер (од кај го изкопаа него ставрано не ми е јасно) стварно ме импресионираа. За Милер нема шо да ме изненадува уште од лани очекував, уште и Кроос да се вклопи во целиов концепт кога ќе се врати и топ екипа на „домашни“ играчи имаме.

За засилувањата - од Тимо очекувам многу повеќе, Брафхајд е просечен бекап а Прањич би го играл лев бек зашто солидно нафрлува (во средина со вБомел, Швајни, Алтинтоп, па и Соса може поповлечено малку... има доволно алтернативи). Лам мора да се навикне на десна страна ама мислам тоа ќе дојде без проблем за месец-два.

Нападот веројатно ни е најдобар или во најмала рака меѓу најдобрите во Европа... Клосе, Гомез, Олиќ, Тони сега и Милер... Во офанзивна средина Рибс е сигурен кога ќе се врати нормално, Соса од натпревар во натпревар е се подобар, а и Баумјохан и Милер исто многу солидно си ја вршат работата на таа позиција.

Мислам дека има релен потенцијал екипава за година-две да стаса кај што беа Ефе, Кан и компанија меѓу 99 и 02 - само треба стабилна работа, уште 2-3 засилувања на конкретни позиции и спроведување на концептот што го има ван Гал...

Само мора да сме свесни за една работа,и да не ја правиме истата грешката секоја сезона.Екипа преку ноќ,поточно за само една сезона со целосно нов тренер,концепт,нови играчи,која ќе биде спремна за титула во ЛШ не се прави.Посебно ако го земеме фактот дека Баерн екипа која секогаш играла на 3-те фронта.Неможеме да очекувам годинава според мене сензационален успех во ЛШ.Многу се реални коментарите за 4-финале,и тоа ќе биде успех,да продолжиме во тој стил,да ја задржиме формата.Ќе биде потребно време сите овие играчи да се имплементираат целосно,овие тест натпревари се ок,ама тоа не е тоа.Вистинската сезона уште не е започната,и никој неможе со сигурност да знае,на правата сцена како ке се одвиваат работите.
Важно исчекорот е направен.Имаме стручен човек,имаме искуство знаење пред се,единствено што е потребно е време.Тоа најмногу нервира,ама чекавме ние баварците веќе 8 години,ќе почекаме уште малце.Мислам дека го имаме правиот човек,и правиот дух.
Сепак времето ќе покаже се.....
 
така е нормално - затоа и пишав за сезона-две имаме потенцијал да станеме конкурентни. за се треба работа и упорност преку ноќ не бидува ништо. како што пиша и ти - вГал има концепт, тимов е полн со млади играчи, сите имаат потенцијал... вГал се покажа доста флексибилен - рече нема играчи за неговиот омилен 4-3-3 па се префрли на 4-4-2 со дијамант на средина. вака на секој дел од теренот имаме по еден „триаголник“ за куси брзи проигрувања по земја што ја прави играта во офанзива далеку понепредвидлива. со милан и прво полувреме со ман утд ова фукнционираше скоро совршено.

сезонава чекам титула и едноставно добра претстава во ЛШ (не заборавајте на пример на фергусон му требаа 3 сезони да го состави тимов на манчестер кој во задни три сезони 2 пати играше финале и еднаш 1/2). ај па да видиме јас искрено верувам во светла иднина и полека но сигурно враќање на славните денови.
 
Точно.Во овие времиња на фудбалот мора да се има трпение.Кога веќе немаш астрономски суми во банка како некои екипи,кои реално воопшто не се гаранција.Најдобар пример Челзи,нема титула во ЛШ,а уште подобар пример мислам ќе биде Реал.
Вака барем ќе имаме екипа,а не поединци,имаме одличен тренер,мора прво да се поврати респектот во Германија,па по логичен тек на околности ќе дојде и ЛШ.
 
:) Немаме пошто немаме среќа. Ајде кажи ми што се случи лани во финалето, или годинава во полуфинале. И кои пари, кога само Шевченко е 30 милиони фунти, Есиен и Дрогба 24 милиони фунти, 2-3 по 18, а се друго е испод... Еве на пример Манчестер: Бербатов, Руни-30 милиони фунти, Андерсон и Керик околу 20 милиони... И така натаму. Ако не трошиш пари, не може да си при врвот. Доказ, Баерн. Имаше fantomX пресметано за Челзи, Манчестер јунајтед и Сити, и излезе дека Манчестер ни бега 50 милиони фунти без Андерсон и Керик (мислам дека имаше уште некој поскапичок). Пресметката беше за први тимови.
 
:) Немаме пошто немаме среќа. Ајде кажи ми што се случи лани во финалето, или годинава во полуфинале. И кои пари, кога само Шевченко е 30 милиони фунти, Есиен и Дрогба 24 милиони фунти, 2-3 по 18, а се друго е испод... Еве на пример Манчестер: Бербатов, Руни-30 милиони фунти, Андерсон и Керик околу 20 милиони... И така натаму. Ако не трошиш пари, не може да си при врвот. Доказ, Баерн.

Aма затоа ако трошиш огромни пари секоја сезона,и ако имаш руски милијардер позади тебе,не значи дека ќе освоиш титула.Доказ,Челзи.
 
Годинава потроши само 18 милиони на Жирков пошто очајно ни требаше лево крило/бек. Лани 16 на Босингва и 8 на Деко. Прехлани 17 милиони на Малуда... Да побарам од кај вас статистика, сигурно ќе излезе многу повеќе.
 
Брат вие имавте луд период коа го пореметивте пазаров со Дрогба, Есиен (не дека он не е играчиште само не е тема тоа сега), Шева и компанија кога ги потпишавте во три сезони по ред веројатно вкупново салдо ви беше -200 милиони, тоа што сега Абракадабрамович затаи малку од малку е веројатно зашто му текна дека претерал претходно.

Она што е пострашно од еднократниот трошок за трансфери е структурата на плати во Челзи. Од кај се тие пари и што кога ќе секне изворот (Абрамович)? Профитабилен е Челзи сам од себе да се издржува со овој состав сега?

Што се однесува до Баерн пари вистински беа потрошени само еднаш и тоа преклани од прилика - 50тина милиони (Рибс, Тони и компанија). Баерн е секоја годинна во задни 10 во најмала рака меѓу 5 (најчесто меѓу 3) екипи кои оствариле најголеми приходи од работа во мината сезона, и тоа без странски бунар без дно во позадина - значи клубот сам е профитабилен и добро работи.

Е туѓи пари за трошење (Челзи) или кредити без абер земање (Реал) не е политика на клубот и најсикрено среќен сум така. Зошто ова што сезонава на пример го прави Реал не може да заврши добро...

ЕДИТ: линкче за проверка на трансфер активностите на Челзи по сезона: http://www.transfermarkt.de/de/verein/631/fc-chelsea/transfers/uebersicht.html
 
Брат вие имавте луд период коа го пореметивте пазаров со Дрогба, Есиен (не дека он не е играчиште само не е тема тоа сега), Шева и компанија кога ги потпишавте во три сезони по ред веројатно вкупново салдо ви беше -200 милиони, тоа што сега Абракадабрамович затаи малку од малку е веројатно зашто му текна дека претерал претходно.

Она што е пострашно од еднократниот трошок за трансфери е структурата на плати во Челзи. Од кај се тие пари и што кога ќе секне изворот (Абрамович)? Профитабилен е Челзи сам од себе да се издржува со овој состав сега?

Што се однесува до Баерн бари вистински беа потрошени само еднаш и тоа преклани од прилика - 60тина милиони. Баерн е секоја годинна во задни 10 во најмала рака меѓу 5 (најчесто меѓу 3) екипи кои оствариле најголеми приходи од работа во мината сезона, и тоа без странски бунар без дно во позадина - значи клубот сам е профитабиле и добро работи.

ЕДИТ: линкче за проверка на трансфер активностите на Челзи по сезона: http://www.transfermarkt.de/de/verein/631/fc-chelsea/transfers/uebersicht.html
Само за плати да, ќе може. А да го врати долгот од 400 милиони не. Каде што си во право признавам. Само од ТВ права се зема 100 милиони фунти. И дае, од каде дека Стариџ е 6 милиони кога суште не е одредена цената, треба да се оди на суд...
 
Во ред нека е така големава слика не ја мења тоа којзнае колку :smir:. И мило ми е што има разбирање со некои луѓе (за ралзика од други навивачи на Реал и Челзи со кои сум разговарал во живо ти си реален).

позз :helou:
 
Ај да ви ја „дозачинам“ и се надевам, завршам дискусијава за Челзи, повелете во фан клуб Челзи, до кога сакате можи. :smir:
Долгот на Челзи не е 400 милиони евра, туку е многу повеќе. Можеби 600, 700 милиони евра. Најинтересната работа, шо ја прави ситуацијата на Челзи поспецифична од другите е тоа шо тој долг Челзи го има кон никој друг, туку кон Роман Абрамович.
Од каде толку, па да тргнеме од супер-модерниот тренинг-комплекс Кобхам, до модернизирање на Стемфорд Бриџ....до нови играчи. Некој со право вели, шо ако тој се повлечи. А јас, исто со право, велам, шо ако нема таква намера? Не знаеме иднината шо носи, но такви инвестиции како Кобхам и модернизирање на Стемфорд Бриџ (се бараше начин и да се прошири, ама мислам нема), не ги прај чоек шо мисли да се занимава неколку години со нешто, и после да го батали.
Самофинансирање, најоптимистичкиот рок за Челзи да се самофинансира и да биди успешен беше 2010 година, т.е. од наредната. Ама, Кенион призна пред 2-3 месеци, дека сепак било преоптимистично таквото нешто, но не се отстапува од таква замисла.
Лошото не е шо е Дрогба откупен за колку шо е, или Есиен, па ни Шевченко. Абрамович заеба со нивните плати, Челзи во иднина можи да има само таков проблем, со преголеми плати, за превисоките откупни цени знајме и пред да слушниме за Абрамович.

Да се осврнам малку на Баерн, немам гледано натпревар сезонава на Баерн, ама верувам дека Ван Гал е каде-каде поарен тренер него Клинсман, само не ми е јасно, кај запна работата со Лусио шо замина? Лусио е светска класа, не разбирам како Ван Гал лесно се откажа од него...:toe:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom