ЧЕНТО
Претседник
- Член од
- 27 јануари 2007
- Мислења
- 8.239
- Поени од реакции
- 4.839
Поучен од минатата сезона,не би давал сериозни прогнози.Победата над Милан од 4-1 и нерешениот дуел со Манчестер не би ги земал премногу сериозно,ама даваат јасен и силен сигнал за следната сезона.Сигнал дека Ван Гаал својата визија почна да ја спроведува во пракса и тоа се покажа.Баерн игра пресинг,ја држи топката во свој посед со многу брзи и прецизни додавања.Тактички одлично поставени што многу ми се свиѓа,и со тоа добивме една формација преку која сме тотално мобилни.Може комотно да се нападне од секоја позиција која изгледа поволна во дадена ситуаиција.Десната страна полека се пробива,го нема веќе оној триголник Лам-Зе Роберто-Рибери како проверена комбинација,која може толку лесно да се прочита од противникот.Само се прашувам како тоа ќе изгледа кога наместо Баумјохан на пример ќе застане Рибери,место Милер-Олиќ,кога Лам ќе се префрли десно....И вака функционира одлично,и со тие двајца малдинци,па само можам да замислам што ќе биде кога Рибери ќе превземе команда помеѓу двајцата напаѓачи.Малце мути работа одбраната.Бадштубер има огромен потенцијал,ама сезоната е доста долга,нема играно во ЛШ,незнам како мисли тоа да го реши Ван Гаал.Ништо чудно тука да се појачаме до крајот на преодниот рок,ама тоа ќе биде на крај,кога цените ќе бидат поповолни...
Тоа е тоа,се чека стартот на сезоната,и господ да ги чува фудбалерите од повреди!!!
Тоа е тоа,се чека стартот на сезоната,и господ да ги чува фудбалерите од повреди!!!
Немаме пошто немаме среќа. Ајде кажи ми што се случи лани во финалето, или годинава во полуфинале. И кои пари, кога само Шевченко е 30 милиони фунти, Есиен и Дрогба 24 милиони фунти, 2-3 по 18, а се друго е испод... Еве на пример Манчестер: Бербатов, Руни-30 милиони фунти, Андерсон и Керик околу 20 милиони... И така натаму. Ако не трошиш пари, не може да си при врвот. Доказ, Баерн. Имаше fantomX пресметано за Челзи, Манчестер јунајтед и Сити, и излезе дека Манчестер ни бега 50 милиони фунти без Андерсон и Керик (мислам дека имаше уште некој поскапичок). Пресметката беше за први тимови.