No Costa no party.
Нема збор,постигна гол и пол!

Уна маѓиа ди Чаби Алонсо.
Кирхоф влезе за последен пат,мислам дека во зимскиот рок ќе си замине.
Слаб натпревар,немаа и којзнае колку шанси.Коман одма на стартот промаши две добри шанси и после никаква игра немаа се до голот.После голот запнаа малце,па така и Лева закачи статива ама ништо повеќе.Второто полувреме беше под просечно,скоро катастрофално кога ќе видиш дека играа со Дармштад на домашен терен.
Без главните три крила,ќе се молиме на вакви голови или некој бош гол на Милер.Без плејмејкер се мачиме.Тиаго и барем еден од Коста/Робен/Рибери моментално се најбитни.Значи моментално не постои организатор на играта и не постои крило кое знае што сака да направи.Се надевам Тиаго дека ќе се опорави скроз додека почне втората полусезона.
Коман е супер играч,се труди ама има уште фурни леб за јадење.Кога има поддршка од друго крило си игра добро,ама вака со Милер како крило не оди како што треба.
Видал трча ли трча,ама подпросечна полусезона изигра.Дали игра повреден,дали е изгубен со тактиките на Пеп не знам,ама ни ваму ни таму е.Мислам дека и позицијата не му лежи баш најнај.За мене тој е ист како Хави,box to box и да ора низ цела средина.
Добро е што се смири малце со стартовите,бидејќи на почетокот уште не почнат добиваше жолт.
Кимих ќе биде ѕвер.Страшен играч доведоа,браво.
Со Хави имаме 11 од 11 сезонава.Злато вреден играч!

Сега Хановер се на ред,и тоа на гости.Да не праат беља со нив,ќе биде лошо за крајот на годинава.На времето беа ептен бош противник,како сега Гладбах.Сега не би требало да имаат проблем,ама и со Инголштад и Дармштад така мислев,а се мачеа поприлично.
После овој натпревар,на дневен ред бил договорот на Пеп.Се шпекулира дека после натпреварот ќе има разговор на таа тема со Румениге.
Хенес го договори официјално в зима,сега дали Румениге ќе успее да го убеди да продолжи в зима.Неговата фамилија сакала да остане во Минхен.Тоа му оди во прилог на тимот.
Пеп изјавил дека очекува сите играчи да одат во Катар,ама дали Гетце ќе се опорави до тогаш ? Ни информации има за него,ни ништо.Неговото име полека полека се заборава.
Робен,Рибери,Коста,Гетце,Алаба,Бернат(пола сезона е повреден

) и Бенатиа се повредени и уште не-фит играчи како Бадштубер,Тиаго па може да се рече и Видал(играше за Чиле повреден два натпревари по ред а пред тоа недела дена не тренираше.Се чудам како му успева

) . Инаку Замер и Хаџи(спортски или технички директор на Мароко) се договориле Бенатиа да не игра неважни натпревари за Мароко се додека не се опорави саглам,ама подобро е да го шитнат на лето,иако е џони баба назад кога е фит.
Ама не ми е јасно со повредиве.За Коста кажаа дека ќе пропушти само еден натпревар а тој го нема доста време.Бернат најпрво не беше тешка повреда а тој заборави веќе дека е фудбалер.Рибери беше за 3-4 дена,Алаба исто максимум 2 недели итн.Докториве дали работат нешто и дали знаат да предвидат нешто саглам барем ?
Само се надевам дека наредната година ќе ја почнат во најдобар ред,а не да играат вака никако како последниве неколку натпревари и да губат поени.Бидејќи неколку сезони по ред се повторува тоа.После репрезентациите и после зимскиот распуст,катастрофа се додека се разиграат.