Фан Клуб : Баерн Минхен

  • Креатор на темата Креатор на темата 'Никола'
  • Време на започнување Време на започнување
Супермен...
1011553_10151632478497965_1411223452_n.jpg

--- надополнето: 1 септември 2013 во 19:56 ---
 
Знаев дека ќе ги реши пеналите......Убеден бев!

Меѓутоа тотален респект за сите шутери....Крос пак со таа посрана фаца отиде да шутира,али сеа барем отиде и ладно и прецизно погоди!!

Рибери феноменален!Беше понесен од наградата,сакаше да ја реши утакмицата,превземаше одговорност.Со Робен и двајцата малце заборавија на дефанзивните задачи!

Ова со Лам беше на раб на експериментален состав.Драго ми е што Пеп сфати во текот на утакмицата дека е 100 пати подобро да го стави Мартинез и да го извади рафиња.Тоа ќе го направеше и од старт да беше Хави фит!Од кога влезе беше далеку посигурно на средината,пресече многу контри.

Се на се,многу голема победа во релативно тешко време за Баерн,со многу повреди кога уште се бараат на теренот.Но ова за психата е феноменално,и се надевам дека кога ќе се комплетираат ќе биде тоа страшен фудбал како лани!
 
FT: Пасау 1:5 Баерн
Мичел, Џердан и Тобијас по едно голче. Дерфлингер два.
Ноут: Мечот е завршен пред неколку саати. Каснам малце ама нема врска. :icon_mrgr:
Хајлајтс:
 
Ланската сезона па и оваа, ни преостанува само да уживаме во играта без да мудруваме и објаснуваме кој каде треба да игра, со која постава да излеземе на терен или не знам што.
Ваква екипа тешко дека би се повторила и после не знам колку години во иднина. Сведоци сме можеби на најдобрата генерација во историјата на Баерн.
Затоа уживајте.
 
FT: Пасау 1:5 Баерн
Мичел, Џердан и Тобијас по едно голче. Дерфлингер два.
Ноут: Мечот е завршен пред неколку саати. Каснам малце ама нема врска. :icon_mrgr:
Хајлајтс:

Бранење голманиве у пм.:icon_mrgr:
Кирхоф магично опоравен и тежок бот.:icon_mrgr:
 
На крајот Штарке му вика на асистентот на голот: "Дај му ја... Дај му ја!" :pos:
И штрака уште не влезен гол.
 
Ако нешто ме израдува вчера беше тоа што дефинитивно се виде дека мотивацијата, пожртвуваноста и желбата за игра е сеуште тука! Како се залетаа по неколку топки ко да нема утре.

Само да се средиме во одбрана... Бар вака нешто Пеп да постави:

------------Хави
-----Швајни--Кроос
Робен--------------Рибери

Пак се петорица ама со Мартинез имаш многу поголема стабилност...



Ова е формацијата,со тоа што комотно може Тиаго место Крос,кога Крос ќе му дојдат пензионерски моменти,па малце да одмори на клупа...

Иначе ова е таа тактика,и 4-3-3 нека биде,али ова е тоа!
 
@ ЧЕНТО

Само не ми е јасно, ако веќе се оди со нешто вакво зошто беше продаден Густаво. Па освен Хави немаме дефанзивна опција за во средина. На тоа место може да играат и Швајни и Кроос и Алкантара во краен случај, ама тогаш далеку поинаку ќе изгледа нашата игра во одбрана... А само тоа ме плаши кога ќе дојдат клучните моменти во ЛШ.
 
@ ЧЕНТО

Само не ми е јасно, ако веќе се оди со нешто вакво зошто беше продаден Густаво. Па освен Хави немаме дефанзивна опција за во средина. На тоа место може да играат и Швајни и Кроос и Алкантара во краен случај, ама тогаш далеку поинаку ќе изгледа нашата игра во одбрана... А само тоа ме плаши кога ќе дојдат клучните моменти во ЛШ.



Густаво се продаде од две причини...

Клучната е светското во Бразил.Густаво реално ни лани под Јуп не беше стартер,него пред него секогаш беше Хави.Такашто Густаво не смееше да си дозволи уште една таква сезона во која ќе биде само дел од ротација.Знаеш дека се многу озбилни у Бразил кога е во прашање репрезентацијата,такашто веројатно јасно му дале до знаење дека ако сака да игра на светското морад да биде стартер.

Втората работа е што и Пеп вероватно не бил толку цврст да го задржи,сооглед на тоа дека од сите копачи кои ги имаме он реално најмалце се уклапа у ваков систем.Тоа и кај Јуп беше така.Едноставно он е премногу ограничен само на копање...Тоа го прави одлично,али е затоа многу слаб околу пасингот и задржување на топка.Милион пати му имаат земено топка у критичен дел од теренот.

Али главната причина е првата!Баерн дефинитивно ќе го оставеше да сакаше,неговата плата не е проблем за Баерн.
 
Се тоа ОК, само тогаш ќе беше фино да земеме замена тип на играч со квалитети во дефанзивни задачи а што знае да подае топка барем колку за просек некој.

Вака со Швајни/Кроос/Тиаго ултра офанзивната ни тактика ни е единствена опција во случај Хави да е повреден (тоа и Лам во дефанзивна :rolleyes:)
 
епа баш затоа оти е просек во подавање беше една од причините
 
Вие некој друг Густаво имате гледано како што читам јас овде.
Густаво минатата сезона прецизен како снајпер беше,еден од најдобрите.

Гомез растура!2 гола и асистенција.:love:
 
Баерн на крајот не играа со еден играч повеќе, туку со двајца повеќе. Еве го 12от играч:


На крајот "Супер Нојер, Супер Нојер" викаат? :icon_mrgr:
Иначе помал е квалитетот на камерите со кои кај нас се снимаат 'врвни' музички спотови од овие овде.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom