Фан Клуб : Баерн Минхен

  • Креатор на темата Креатор на темата 'Никола'
  • Време на започнување Време на започнување
После се што се случи,јасна е работата....Годинава финалето на домашен терен е предизвик...Сите изјави што се даваа ако се сеќавате уште од јануар збореше за тоа дека играчите се целосно со мотивите и желбите насочени накај ЛШ...

И заради тоа страдаше првенството.....

Ние кога игравме најбедно,Базел го торпедиравме со 7 гола,па после Марсеј....

Такада сега се бар на чисто...И по мене тоа е добро.Првенството отиде,и сега с е е сведено на една цел и една мисла-19 Мај Минхен.

Следуваат двата најбитни натпревари,и сега е моментот да покажат колку многу им значи тоа!

п.с.

Да сум јас Хејнкес,би го барал Лев за утакмиците со Реал...Ако има некој во Германија стручњак што може да ги елиминира Реал или Барса тоа е Лев....Сигурен сум дека ќе сака да помогне :D
--- надополнето: 15 април 2012 во 00:11 ---
Само на психа ќе се игра ЛШ ништо друго.

Не знам дали ќе го најдат "switch-от" на време за да се префрлат на ЛШ после катастрофата во домашно... Мислам дека ќе ни треба брз гол (како по обичај)... И сеуште се плашам дека премногу hype се дига околу финале Реал-Барса...

Тоа е тоа, цела сезона се сведува на следните (се надевам) 3 натпревари во ЛШ и ништо друго. Веројатно ќе создаде ужасен притисок кај играчите тоа ама сами си се криви. Ако се доволно добри нека покажат дека кога е најпотребно знаат да изиграат и како што треба. Против Дортмунд дефинитивно не им успеа...

Па зависи како гледаш...

Второто полувреме,иако не дадовме гол,према играта беше едно од подобрите оваа сезона,и тоа против така добро организирана екипа како Дортмунд...

Но против Дортмунд изгубивме ради ЛШ,ради целото темпо на сезоната,немањето многу алтернативи,односно фактот што како за нас што е утакмицата со Реал императив,така за Дортмунд утакмицата против нас беше императив.Влегоа одморено,страшно мотивирани добро организирани,и имаа и среќа....Беден гол примивме,не сакам ни да спомнам што све не утнавме и тоа е тоа!

Сепак фудбалерите се сконцентирани на Вторник,тоа и Хејнкес денес го кажа после утакмицата!
 
Наскоро ;)
2,h=343.bild.jpg
 
Само не ми е јасно зошто вчера воопшто ги тераше Рибс, Гомез и Кроос да врзуваат копачки. Робен и Швајни сфаќам ама другиве - јок.

Everything being said and done - овој пат не сум ама ич оптимист. Реално мислам дека премногу работи се сјебаа последниве 5 дена за да би се надевале на нешто. Плус, Реал е во премногу стабилна форма.

Муабетот „тек сега ја имаме ЛШ да се докажеме“ ми е барање сламка за надеж некако не ми држи. Се надевам грешам ама не гледам некој кој би ги подбрал да ги извади од психичката дупка во која моментално се наоѓаат. Нити Германците нити Робен нити Рибери ни на светски ни на европски ни во ЛШ или во клучни натпревари во лига кога стасало до борба за титула, баш кога е најважно, ништо немаат направено... За полуфиналиња и за финалиња затоа се најдобри :(

Ако одиме до крај во ЛШ годинава ни треба чиста воља и самодоверба - ништо друго не може да не спаси. Имам некои 5% надеж дека ќе ископаат од последниот атом сила и желба за поминат во овие два натпревари со Реал...

Како и да е... очекувам ладно точено во Ајриш па што биде нек биде :свиркам:
 
Како и да е... очекувам ладно точено во Ајриш па што биде нек биде :свиркам:
Или шо би рекол спасо барем Германија ќе освои ЕП.:гик: Нек се праи сега фаца Роналдо ќе го видам тогаш дали ќе може нешто против хеттрикот на Швајни.:sneaky:
 
Ако негде ги изигравме перфектните утакмици годинава тоа беше во ЛШ...Прогнозите беа бедни,Боби викаше у групи ќе испаѓе,ама измарширавме до полуфинале!

Вероватно има некое посебно значење ЛШ годинава за фудбалерите....Убеден сум дека ќе дадат се од себе!

На Алианц само не смее да се изгуби...Секој резултат што е победа ни одговара....па и нерешено до некаде.
 
Хауард Веб ќе го суди натпреварот со Реал. Тој го судел и финалето 2010 против Интер што го игравме :cautious:
howard-webb-514.jpg
 
Гледам сега на странава на Баерн што имаме одиграно во вториов дел од сезонава и фактички освен онаа серија од Хофенхајм-Базел-Херта кога ги фативме на волеј ништо посебно немаме одиграно.

Пред Дортмунд во БуЛи одвај ги тепавме Хановер, Нирнберг и Аугсбург. Во ЛШ со еден очаен Марсеј си игравме курташак. Од Базел на гости изгубивме, од натпреварите со двете Борусии со 0 бодови завршивме. Реал каде-каде посамоуверено го играат овој дел од сезоната.

Срање подобро да прекинам да сурфам на оваа тема зошто оние 5% надеж од претходниот пост само што станаа 3% :facepalm: Само натпреварите од првиот дел од сезоната ми останаа за надеж. Ама ако треба да се надевам заради играта против еден очаен Сити... :tapp:
 
Е сега на сите ви е очаен,тогаш Барселона ги правеа.....
 
Па не сум сигурен дека тој Сити тогаш што го утепа Јунајтед 6-1 Тотенхем 4-0 Арсенал итн беше мизерен...

Тука си прав. Сепак не мислам дека може да ставиш = меѓу Сити и Реал ама ај фор д пурпос оф д конверзејшн...

Е сега, прашањето е дали овој Баерн е истиот тој од септември... Во вторник ќе знаеме o_O
 
Тука си прав. Сепак не мислам дека може да ставиш = меѓу Сити и Реал ама ај фор д пурпос оф д конверзејшн...

Е сега, прашањето е дали овој Баерн е истиот тој од септември... Во вторник ќе знаеме o_O

Таман работа,Сити уопште не се Реал...поентата ми беше дека годинава во ЛШ секогаш се играше на ниво и шампионски што не беше случај за бундес....

Се надевам тој тренд да продолжи....Што вика Боатенг,Озил им е еден од клучните играчи,а ние добро го знаеме од репрезентацијата...Него ако го затвориме ќе биде многу тешко за Реал.
 
Ај не мудрувајте многу, ти баварец шо се прајш песимист со сила... или финта ти е тоа. Ако изгубиме да не не дупчат многу, а вака коа се фалиме после ќе фрчи ремет и потписи :D, а у случај ако тепаме ќе удриме ремет дур не банираат. :свиркам:
 
Бобане дај кажи ја тактиката за до финале,како ќе им пристапиме....:D

А за реметот не сумњам,веројатно спремен ти е....:pos:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom