Фан Клуб : Баерн Минхен

  • Креатор на темата Креатор на темата 'Никола'
  • Време на започнување Време на започнување
Нинџи само јас ли сум против заминување на Робен летово ?
И јас сум против, барем уште една година нека остане додека се вклопи Гетце. Тимошчук ќе си оди па ќе се ослободат тие 7м годишно за Гетце, така да нема шанси Робен да си оди, и вчера изјави дека сака да остане и сигурен беше дека ќе остане. Финтата е ако го земаме Лева, тогаш Гомез 100% си иде.
 
Тимо си оди , доаѓа Роде. В.Б. најверојатно ќе си замине и тој, Кирхоф доаѓа.
Ако доаѓа Гетце тогаш Шакири или ќе оди на позајмица или пак Робен ќе го намаваат.
Колку и да заеба минатата сезона сепак никој неможе да негира дека не е светска класа Робен.
За Милерчо, Ули или Кале не ма ни дозволат некој од Самер или Пеп да помислат на продавање, а според тоа како игра од срце за тимот и какв ајрон мен е неверувам дека ќе си замине и воопшто од тимот, а и мислим дека повеќе ќе игра од Робен/Крос/Гетце нардена сезона освен ако Пеп не ја усерува работата и да игра со лажна 9ка.
 
Никој нема да замине од главните,Тимо не го ни рачунам.:pipi:И Пизаро ќе си оди најверојатно а Бујтен ќе остане за тутор.:P
--- надополнето: 3 мај 2013 во 23:53 ---
Sammer:"Posljednje dvije godine nas je Borussia pobjeđivala jer smo griješili.No,u finalu se neće ponoviti te greške i to je razlog zašto ćemo mi osvojiti trofej"!!!

Сигурен сум дека се сложувате со наведеново.А и сигурен сум дека Замер беше потребен за "загатката" да се реши.Ваков посветен човек ретко се наоѓа.После легендите веднаш зад нив е жутиот.Внесе голема доза на енергија во тимот.:cuc:
Кан и Ефенберг го имаат истиот темперамент,мислам дека тие некогаш во иднина да се спојат со Замер ќе биде полн погодок.

Sammer.jpg
 
Според Билд, Лева се договорил со нашата управа :eek: , останува уште тоа дали Дортмунд ќе сака да го продаде ова лето за 25-30 мил.евра или летото 2014 без пари. :rolleyes:
 
Прво не е сигурно, не заборавајте дека управата на Баерн негираше дека има било каков договор потпишано со Лева, тоа нема да го дознаеме до финалето.Ако отиде за Реал ќе се упропасти, ќе заврши само на клупа и ништо повеќе, нема ни да добие шанса да си го надоградува талентот, така да се надевам дека не ја прифатил понудата на овој.
 
Прво не е сигурно, не заборавајте дека управата на Баерн негираше дека има било каков договор потпишано со Лева.

Нормално дека ќе негираат, па не се луди да кажат сега пред финалето дека се договориле и со Лева. Па навивачите на Дортмунд ќе направат атентат на нашата управа :нинџ:
 
Нормално дека ќе негираат, па не се луди да кажат сега пред финалето дека се договориле и со Лева. Па навивачите на Дортмунд ќе направат атентат на нашата управа :нинџ:

Да бе, со Гетце не можеа да молчат, па сега специјално за Лева ќе молчат.Од друга страна пак, Баерн направија вака нешто слично со Гвардиола, сè додека не дојде финале, нема да знаеме со сигурност.Ако дојде во Баерн ќе биде супер и сметај на тоа дека Баерн ќе бидат уште понезапирлива машина во наредниве неколку сезони, згора на тоа ќе си остане во Бундеслигата.
Не можам да разберам само зошто Дортмунд не му даваат поголема понуда, а знаат дека им е еден од највредните играчи, можеби и они имаат некој друг на видик, можеби е нешто друго работата тоа не знам, во секој случај ако се точни шпекулацииве тогаш нема запирање за Баерн, едино ако не ја погоди нуклеарка Алијанс арената.....
Инаку за утрешниот натпревар, и двете екипи ќе ги поштедат своите „сили“:
http://www.ruhrnachrichten.de/sport...-und-FCB-wollen-Kraefte-sparen;art523,1990945
 
1. Да бе, со Гетце не можеа да молчат, па сега специјално за Лева ќе молчат.Од друга страна пак, Баерн направија вака нешто слично со Гвардиола, сè додека нема да дојде финале, нема да знаеме со сигурност.Ако дојде во Баерн ќе биде супер и сметај на тоа дека Баерн ќе бидат уште понезапирлива машина во наредниве неколку сезони, згора на тоа ќе си остане во Бундеслигата.

2. Не можам да разберам само зошто Дортмунд не му даваат поголема понуда, а знаат дека им е еден од највредните играчи, можеби и они имаат некој друг на видик, можеби е нешто друго работата тоа не знам, во секој случај ако се точни шпекулацииве тогаш нема запирање за Баерн, едино ако не ја погоди нуклеарка Алијанс арената.....

Значи пак ќе се повторуваме со истите муабети :rolleyes: :coffee:

1. За трансферот на Гетце Билд објавија први после 12ч. по полноќ како и секогаш. После потврдија од Дортмунд дека е точно тоа иако можеа да негираат и да речат дека нема ништо со трансфер на Гетце во Баерн. Да демантираа од Дортмунд, сигурен сум дека никој од нашите немаше да излезе на пресконференција и да речат дека тие од Дортмунд лажат.
Имаше и вест дека Билд дознале за трансферот од луѓе во Дортмунд па ја објавиле и дека не е добиена од Баерн. Како и да е. Таа информација за Лева дека е договорен со нашите нема да биде потврдена до 25 мај ниту од нас ниту од Дортмунд.

2. Па му нудеа нов договор, но не сака да продолжи. Па не е луд да одбие шанса да заигра за клуб како Баерн, Реал или Ман.Јун + и трите клуба што ти ги набројав можат поголема плата да му понудат а башка и договори со Адидас, Пепси од каде што ќе зема уште повеќе пари и ќе има поголема популарност. Лесно е од наша страна како фанови да критикуваме било кој играч зошто го напушта клубот, и да глумиме чесни, искрени и дека не не интересираат парите и популарноста ама и ние да сме на нивните места би го направиле истото.
 
Ова не го знаев, зошто не ги следам многу Билд.Значи шпекулацииве дека он (Лева) веќе се спогодил со Баерн деведесет проценти и дека се точни.
Што се однесува до второто, да, тука си во право, ама за спонзорствата е друга приказна, мене само ме чудеше зошто дозволуваат така лесно да им замине и затоа и прашав, ама ајде.... :)
 
Што се однесува до второто, да, тука си во право, ама за спонзорствата е друга приказна, мене само ме чудеше зошто дозволуваат така лесно да им замине и затоа и прашав, ама ајде.... :)

Па тие сигурно се потрудиле колку можеле, но нема зошто насила да држиш играч. Еве и тоа ќе им биде успех доколку успеат да го задржат до летото 2014, нормално ако се одлучат од Дортмунд на таа варијанта да Лева го пуштат 2014 без да добијат денар. :coffee:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom