Значи пак ќе се повторуваме со истите муабети
1. За трансферот на Гетце Билд објавија први после 12ч. по полноќ како и секогаш. После потврдија од Дортмунд дека е точно тоа иако можеа да негираат и да речат дека нема ништо со трансфер на Гетце во Баерн. Да демантираа од Дортмунд, сигурен сум дека никој од нашите немаше да излезе на пресконференција и да речат дека тие од Дортмунд лажат.
Имаше и вест дека Билд дознале за трансферот од луѓе во Дортмунд па ја објавиле и дека не е добиена од Баерн. Како и да е. Таа информација за Лева дека е договорен со нашите нема да биде потврдена до 25 мај ниту од нас ниту од Дортмунд.
2. Па му нудеа нов договор, но не сака да продолжи. Па не е луд да одбие шанса да заигра за клуб како Баерн, Реал или Ман.Јун + и трите клуба што ти ги набројав можат поголема плата да му понудат а башка и договори со Адидас, Пепси од каде што ќе зема уште повеќе пари и ќе има поголема популарност. Лесно е од наша страна како фанови да критикуваме било кој играч зошто го напушта клубот, и да глумиме чесни, искрени и дека не не интересираат парите и популарноста ама и ние да сме на нивните места би го направиле истото.