Фан Клуб : Баерн Минхен

  • Креатор на темата Креатор на темата 'Никола'
  • Време на започнување Време на започнување
Е добро.....не е баш мал проблем. Ама тие се проблемите кај него а не тоа што бил наводно расист или темпераментен. Да не ќе ви дојди лошо некој да пцуе по судиите на секоја одлука против клубот?

:facepalm:

Licemer kako Suarez ne e potreben.A uste da go donesat nego,ke treba spicovite ili Miler da bidat rezervi.Jas tuka nzs nemozam da najdam.Lani nemavme klupa i se bunevme,sega imame kvalitetna klupa i nema potreba od uste igraci na pozicii sto se popolneti.Otkoga Pep go dogovorija,cel svet go donesoa.
 
Сериозно, 10 минути мислам и барам каде може засилување и не ми текнува.
Голман имаме, бекови Алаба прераснува во еден од најдобрите бекови за Лам неам коментар. Данте го гледав колку е само смирен, океј кај голот ја утна мислам тој ама за мене е цар. Е сега единствено нешто кој да е партнер на Данте, Бадштубер или Боатенг е тука незнам. Нема никогаш да заборавам тоа што не го чуваше добро Дрогба при корнерот во финалето, а Бади знае да направи киксови ама тоа што е наше дете му носи голем плус и игра со срце за клубот. Мислам во последните 20 години имаме најдобра средина, страшни индивидуалци и техничари единствена разлика од таа на Ефенберг, Шол, Јеремис, Баслер е тоа што тие имаа муда до колена, борбеност до крај и немаше да се исплашат про шутирање на пенали во финале туку ќе се тепаа кој да шутира.
Да не го тупим многу според мене не ни требат големи промени у тимот.

Некој што незнае што е Куп на победници на куповите и Куп на шампиони не треба да замара на темата.
 
Дечки пошто шпанскиве медии го поврзуваат Гомез со Атлетико сакам да ве прашам за некој ствари. Не пратам бундес па ме интересира која е разликата помеѓу Гомез од лани и Гомез од оваа сезона? Дали според вас ако Гомез е стандарден ќе има барем приближно ниво како од лани?

Колку му е плата и за која цена би го пуштил Баерн да си оди на лето?
 
Нема разлика од ланската и сегашната сезона освен шо сега доби јак конкурент со Манџукич па Хрватот ја искористи шансата кога Гомез беше повреден.

Мислам дека платата му е 9 мил. евра годишно, а цената шо ќе треба да плати некој клуб, ако го дозволи тоа нашата управа нормално е минимум 30 до максимум 40 мил.евра.
 
Mario Gómez ќе ја праиш темата за со Дортмунд?
Ќе ја напрам вечер, освен ако друг нема желба да ја отвори, слободно. Барем ако изгубиме нема хипстериве шо навиваат за Дортмунд да пишуваат дека сме изгубиле заради моето баксузно отварање на теми.
 
Ќе ја напрам вечер, освен ако друг нема желба да ја отвори, слободно. Барем ако изгубиме нема хипстериве шо навиваат за Дортмунд да пишуваат дека сме изгубиле заради моето баксузно отварање на теми.

Отвори ја бе....ќе идеме дрско...

Мора да тепаме!
 
Сериозно, 10 минути мислам и барам каде може засилување и не ми текнува.
Голман имаме, бекови Алаба прераснува во еден од најдобрите бекови за Лам неам коментар. Данте го гледав колку е само смирен, океј кај голот ја утна мислам тој ама за мене е цар. Е сега единствено нешто кој да е партнер на Данте, Бадштубер или Боатенг е тука незнам. Нема никогаш да заборавам тоа што не го чуваше добро Дрогба при корнерот во финалето, а Бади знае да направи киксови ама тоа што е наше дете му носи голем плус и игра со срце за клубот. Мислам во последните 20 години имаме најдобра средина, страшни индивидуалци и техничари единствена разлика од таа на Ефенберг, Шол, Јеремис, Баслер е тоа што тие имаа муда до колена, борбеност до крај и немаше да се исплашат про шутирање на пенали во финале туку ќе се тепаа кој да шутира.
Да не го тупим многу според мене не ни требат големи промени у тимот.

Некој што незнае што е Куп на победници на куповите и Куп на шампиони не треба да замара на темата.
Ме погоди в срце.Баш сакав да ги прашам останатите членови што ли мислат за моменталниот тим.Значи на сите позиции имаме скоро по два квалитетни играчи.Сега не можат да бидат класа како стартерите но секако добри замени се.
Ни требал Суарез,ни требал Цвете,ни требал Митре.Според мене ништо не е потребно во екипата.Таленти има и тоа во изобилство.Подобро тие да се исфорсираат,него да се земаат играчи на позиции што се пополнети а во моментов сите позиции се пополнети.Кој ги знаеше на времето Бадштубер и Милер.Фирерот Ван Гаал ги стави без око да му трепне.Сега гледаме во што израснаа тие двајца непознати младичи.Во моментов се крева голема прашина за Хојбјерг и за Чан а има уште доста добри таленти во баварската машина.Според тоа што го имам гледано од Баерн У19,можам да кажам дека Јулиан Грин ќе биде машинерија,барем според тоа што го покажува во младинците сега.Ист тип играч на Рибери,само што игра на десно крило.После напаѓачот Фрисенбихлер.Тој тренираше со првиот тим и во Трентино а и годинава во Доха(Во Трентино 100% а за во Доха не сум многу сигурен иако мислам дека беше).За младинците прави растур.Исто во пријателските со Баерн даде 2-3 гола.Можно е и Вајхраух нешто да направи,иако типувам повеќе на Маркуц лево крило и шпиц.Голманот Цингерле исто не е лош,но на таа позиција сме осигурани во наредните 6-7 години.:)Ранкович и Хорн ги имаа земено на припремите во летото.А овој Хорн со фризура како Вајзер или Гомез слична мислам дека и сега беше во Доха.
Тимот има неверојатен потенцијал а Хенес имаше најавено дека сака да гради нов тренинг центар,бидејќи моменталниот капацитет на Säbener Straße не бил доволен.Баерн е држава,и тоа држава со огромен раст.
Според некое мое мислење можам да речам дека Пеп треба да се навикне на овој тим а не Баерн да се навикне на него.Не е ни достигнат максимумот на оваа екипа.Тоа треба да се искористи,а не да се купуваат нови играчи и после една година да чекаш да се воиграат.
 
Најјако на цела утакмица беше што на секој гол Швајни го даваа горе ко газда седнат,не мрда,си тера муабет,а неговата екипа доле го гази Вердер....Го одмори Хајнкес лабаво,таман за со Дортмунд фул спремен да биде...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom