Фан Клуб : Баерн Минхен

  • Креатор на темата Креатор на темата 'Никола'
  • Време на започнување Време на започнување
Горд сум си на Баерн и секогаш сум бил тука не правам ич муабет ама преку таквото ми е од 1/2 финалиња и финалиња, сакам или да скокнам како што скокнав 2001 или подобро ич нека не ме лажат.

На крајот на денот никој не памти кој играл 1/2 или 1/4 финале - шампионот се памти, само тоа се брои.

А дека Германците ќе повлечат некој конци не верувам, премногу си држат до своето за тоа. А и не можат којзнае колку да влијаат - се сеќавате на суспензијата на Рибс пред 2 години за финалето? Епа ако можевме ќе успеевме тогаш - ама не можевме.


Да ама,реално гледано тоа и не беше толку грешна одлука....Ако се земе дека беше правилно црвен директен тогаш се знае правилото 2 натпревари суспензија,и они требаше од правилото да одстапат скроз.

Фората е да судијата е доволно трезен да не досудува пенали или црвено во ситуации кога нема потреба....Иначе се знае дека одкако ќе се досуди нема назад.....
 
ќе биде екстра тешко со Реал,ја верувам во екипата,сме ги совладувале многу пати кога биле фаворизирани,верувам дека можеме и сега,денеска покажаа неверојатна дисциплина која ретко се гледа,зошто да не биде така и со Реал,иако не верувам во тоа ама ај...имам надеж

На времињата имавме 18тина играчи во поле кои беа на горе-доле исто ниво. Ги имавме Елбер, Серџо, Шол, Циклер, Јанкер, Санта Круз напред. Џери, Ефе, Харгривс, Сфорца во средина. Лиза, Вили и Тарнат, Брацо, Линке, Андерсон, Куфур позади... Имаше длабочина тој состав - сега првата постава фудбалски е два пати подобра ама пу пу да не даде Господ некој да фали.

Само Милер - Кроос може да се ротираат и Тимо - Густаво без да се изгуби на квалитет нешто посебно. Рафиња некако разочарува ама еве и него ќе го бројам во солидна резерва. И толку.

Тука е проблемот и болно е што нашиве го знаеа тој проблем веќе две години и не интервенираат:facepalm: .

Да ама,реално гледано тоа и не беше толку грешна одлука....Ако се земе дека беше правилно црвен директен тогаш се знае правилото 2 натпревари суспензија,и они требаше од правилото да одстапат скроз.

Фората е да судијата е доволно трезен да не досудува пенали или црвено во ситуации кога нема потреба....Иначе се знае дека одкако ќе се досуди нема назад.....

Тоа е тоа.

Само да не ни се случи некој кошмар ко Челзи со Овербо, а после ме заболе таквото ако Германија ја купи Шпанија и со сол ја потури...
 
е тоа заборавив да го кажам...во минатото кога го совладувавме реал дома гости имавме страшна екипа,ама па и реал имаа екипа за респект..така да моментално сме послаби со клупа од реал ништо фазла
 
се надевам нема да има некој циркуз у полуфинале односно да бидеме елиминирани поради некоја судиска одлука или такво нешо доколку тепаме да тепаме асално исто важи и за испагање али сумљиво ми е и самиот платини чим изјави највеќе му одговара финале Реал-Барса смешно е главен на уефа да изјави такво нешо порано никад немаше вакви фаворизирања на одредени тимови
 
Фаворизирани се малку моментално Реал и Барса, а посебно Барса. Сосема е нормално, два најголеми тима, поголеми приходи од нас, за трансфери трошат 6 пати појше пари. Но времињата се менуваат, се се средува. Иде нашата ера. :) Јака школа, јаки спонзорски договори, наш стадион, се тоа води кон јак Баерн. Наредниве години(вклучувајќи ја и оваа) ќе им даеме на Реал и Барса a run for their lifes.:sneaky:
 
не го заборавајте фактот дека сеуште сме во игра на три фронта,имаме голема среќа шо сезонава играчите ни се здрави за разлика од лани...
 
Фаворизирани се малку моментално Реал и Барса, а посебно Барса. Сосема е нормално, два најголеми тима, поголеми приходи од нас, за трансфери трошат 6 пати појше пари. Но времињата се менуваат, се се средува. Иде нашата ера. :) Јака школа, јаки спонзорски договори, наш стадион, се тоа води кон јак Баерн. Наредниве години(вклучувајќи ја и оваа) ќе им даеме на Реал и Барса a run for their lifes.:sneaky:

Предолго чекаме на таа ебана титула во ЛШ ми се скурчи од чекање... Имаш златна генерација со Робен и Рибери, веројатно најдобриот тандем крила во свет, го имаш еден 2-3 најдобри крилни бекови во свет, имаш креатори на игра како Швајни и Кроос, имаш еден расположен Гомез напред и место да мрднеш со малото прсте за да го доизградиш тимот ти што правиш? - Ништо.

Не им даваш достојни замени и не го користиш потенцијалот на оваа генерација.

Дај Боже да грешам, сакам сезонава да е „таа“...
 
Сите сакаме сезонава да е "таа"..само екипата да не се замара со фактот дека финалето е во Минхен и дека мора по секоја цена да стасаме таму...нека се фокусираат на играта и двомечот со Реал,останатото ќе си дојде само
 
Citam Van Buyten pocnal da trca, a koga ke se prikluci na treninzite ne se znae. Boateng sigurno dobiva zolt karton na eden od dvata polufinalni natprevari protiv Real taka da ili ke bide suspendiran za revansot vo Madrid ili za finaleto vo Minhen. Zatoa ni treba fit Van Buyten da ne dojde red Tymo da igra kako centralen defanzivec.
 
Уште Аусбург, па почнува она вистинското сезонава.
 
Честито пласман и од мене.

Што викате, ние земаме титула Германија, вие во ЛШ па за купот ќе видиме ;)
Шала на страна, ќе биде тешко со Реал ама ако го поминете мислам во Алианц Арената дека ќе освоите.
 
Се вратил вБајтен на индивидуален тренинг. Не се знае кога ќе почне да тренира со екипата.

Не дека „сега се спасивме“ ама со оглед на тоа што Боа е пред суспензија добро ќе ни дојде алтернативата. Плус, иако гарант Лам ќе му оди на Роналдо сега имаме опција Боа десно а Лам лево (ептен ако затреба пошто глеам и Рафиња не му оди баш)...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom