Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Габриел наводно не се прилагодил на новиот систем и затоа седел на клупа.
 
Парти игра десен бек пошто кога напаѓате он влага у средина до Рајс а Одегард и Хаверц бегаат понапред у 3-2-4-1 формација. Барем јас ова го приметив у прво коло а така и Гвардиола праеше лани со Стоунс.
 
А кој уствари е прилагоден на новиот систем, каша - попара е цел тим!!!
Брат, трпение. Очобол бевме во 2020 и 2021, па лани игравме вистински фудбал. Не се роботи играчите, секоја промена им треба време за адаптација.

Моментално се прилагодуваме без Џака и новитетот Рајс што не ја игра улогата на Парти од лани. Нов систем е, се гледа.

Исто така, тоа што беше Зиченко, сега е Парти како што пишаа погоре.
 
Парти игра десен бек пошто кога напаѓате он влага у средина до Рајс а Одегард и Хаверц бегаат понапред у 3-2-4-1 формација. Барем јас ова го приметив у прво коло а така и Гвардиола праеше лани со Стоунс.

Знаеме ние што игра, само што со ова промена се гуши цела десна страна, а и средината, нема никаква флуидност, десен бек немаме за оверлап, а тоа му треба на Сака. Вака цело време Сака е удвоен, без да има некој да повлече еден од играчите.

Исто така, тоа што беше Зиченко, сега е Парти како што пишаа погоре.

Нека се врати побрзо Зинченко, пошто ништо не праиме со Парти инвертед што и да е.
Ако со Јунајтед пак играме некоја глупа тактика, не го добиваме натпреварот. Кратери има позади за контри.
 
Топ група, директен лет Скопје - Ајндховен. :love:
 
Отиде Холдинг во Палас за 4 милки. 7 години поминати во клубот, мислам дека беше играч со најголем стаж (во А тимот) од моменталните, он и Тирни ми беа последните хардкор “старомодни“ дефанзивци во тимот, од двајцата се решивме во еден трансфер рок (Тирни до душа на позајмица). Одбраната премногу ме плаши сезонава, повеќе од било што друго.
 
Трансфер периодов би го отценил на скала од 1-10 со солидна 5.Тимов за нианса ни е подобар од минатата година ама сеуште недоволно Рајс добар трансфер исто и Тимбер штета што се повреди на подолг рок Хаверц мислам никогаш нема да го изигра она што го очекува Артета од него наместо него требаше за тие пати да се донеси некој курпулентен напаѓач пр Влахович кој би дал сосема др димензија во нападот кога не иде по земја пр натпреваров со Фулам . Излезниве трансфери и тие не ги направија како што треба Тирни го дадоа во Сосиедад логика никаква Тирни е бек од старата школа еднодимезионален не е некој кој можи да го игра шпанскиот фудбал башка што и да се покажи шанса нема да платат 20+м далеку подобро ако веќе се позејмуваше да се дадеше на некој ПЛ клуб и да се покажеше овие имаат барем пари да платат колку што вреди.
 
Имам точно нула очекувања за сезонава. Мислам дека и ЛШ групата ќе ја покакаат и ќе се вратат во ЛЕ. Требаше да се шири клупата, на крај излезе дури и пократка од лани, плус некој нов систем што не одговара на составот кој е на располагање.
Очекувам дебакл со јунајтед, освен ако не падне ран гол несакајќи, па после да се чува резултат цела утакмица. Не ми делуваат како да веруваат во оваа игра на Артета ниту играчите.
 
F5G85v1XUAA15EO
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom