Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Мат Тарнер наместо Нкетиа подобро ќе излезе. Катастрофа од играч. Сѐ е очај ама Еди е многу очајно да се гледа.
Елегии за тимот пред месец дена.
 
Би му забранил пристап до терен на Нкетиа. Говно.
Автоматски споено мислење:

Па не се нормални. Нека се тргне Мартинез од гол, нека си пуштат уште еден играч.
 
Последно уредено:
Аууууу Одегард. Каква асистенција на Нкетиа.

Очаен шут на Капитенот на празен гол.
 
960x0.jpg
 
Победа на среќа се надевам во идните утакмици ќе покажат подобра форма па мајкаму стара цело време играат на една недела не дека играат на 3 дена па олку да се паднати со форма.Потребни се некогаш вакви утакмици за кревање на моралот се надевам ова ќе им делува позитивно во остатокот од сезоната.
 
Реално шансата ни се создаде со тоа што Астон Вила тргнаа да играат отворен фудбал, во кој се добри, ама Арсенал се подобри според мене од било кој друг тим во лигава (освен Сити) кога се игра отворен фудбал, па макар и со вакви уморни играчи. Имавме мноогууу среќа, ама на крај среќата ги следи храбрите, стегнаа заби играчиве наши и не се откажаа и психички и физички, на крај ја добија наградата.
Зинченко прочитав го критикувавте, според мене МОТМ е. Двата гола паднаа од другата страна, не од страната на Габриел и Зинченко, десната страна беше таа ветрови кај што дуваа, левата ни беше затворена доста добро (на крај можевме да примиме гол по неа, среќа спаси Ремсдејл). Голот плус негов беше од огромно значење, кога очајно ни беше потребен и кога другите не можеа, од нималку лесна позиција со милиметарски прецизен шут. Исто така Нкетиа, колку и да ве нервира, промашува зицери и има прием ко коњ и прави фаули во напад, ама 100% се искупи со неговата упорност и борбеност, кога украде топка и чист гол асистираше на Одегард (кој утна празен гол), така да не би го критикувал и него. Жоржињо многу коректна утакмица, Мартинели и Одегард беа доста лоши, па и Тросард од кој повеќе очекував. Џака исто така ништо не играше, Салиба и Вајт лошо затвараа нивната страна, иако првиов се повампири како што минуваше времето. Ремсдејл има голем пад во формата после легендарната одбрана против Тотенхем, пред се во лошо позиицонирање, како да заспива, ама денес се извади со одбраната на крај.
Има многу простор за критики, не е иста играта, ама ако ги земеме во предвид сите околности, пред се длабочината на клупата, уморот на играчите и младоста нивна, задоволен сум како изгурвме дотука, се надевам дека до сам крај ќе сме во борбаа за титула и ќе трае оваа еуфорија.
П.с. Велбек против Лестер, Нкетиа против Јунајтед, Жоржињо (автогол) против Вила, тие се тие моменти на 90+ делириум :D
 
Жоржињо ме изненади и да не го дадеше голот МОТМ според мене. Сака одличен, другото се беше под просек.
 
Жоржињо одигра супер денес, пушташе топки во простор, нафрли и една одлична што Нкетиа не ја реализира, даде гол за водство во продолжение. Она што фали од него е дефанзивна игра.
Зинченко одигра лошо прво полувреме, ама неверојатно е каква енергија дава и на навивачите и на тимот. Неговиот гол ги мрдна сите од мртва точка, до последно трча низ цел терен. За разлика од него, Одегард има страшен пад и не би ја коментирал неговата игра.
Победа психолошки значајна, после месец дена мртвило. Гуд ебенинг сињор Мартинез.
 
"Му се одби од глава на Мартинез тоа што држеше време" - коментар кој го видов на фб.

Стварно ептен одвратен ми стана Мартинез, па уште оди напред во 96 мин. мислиш финале игра......убаво му го спопика Мартинели на крај

Sent from my SM-A405FN using Tapatalk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom