Искрено, изненаден сум што сѐ уште не примија гол. Среќа што е против Евертон полувремево, било кој друг тим ќе ги уништеше.
Тросард се надевам дека ќе заигра уште на почеток на второ полувреме и Артета ќе ги среди малку за овие 15 минути. Ко да не се присутни на терен повеќето.
…ја познава лигата и ќе придонесе со искуство
Се надевам дека е епизода настапот денес и нема да се прелее во некоја фрустрација и караница во соблекувална.
Лоша утакмица Одегард доста потфрли утакмицава а и измениве не донесоа некоја енергија Тросард нервозен не знаеше што треба да прави Жоржињо не играч помалце туку плус за Евертон еден добар потег немаше.Се на се доста лоша утакмица од сите се надевам една од малкуте во остатоков од сезонава.
Каква убава разлика ќе се направеше со оглед на поразот на Сити денес. Назад нема, само надеж дека Сити нема да се повампират и да не загубат ниедна до крај, и дека Артета ќе изменаџира и ќе избалансира со ситуацијата, моралот на тимот, очекувањата, надежите и соништата кои ги направи реални.
Сити изгледаат ранливо не делуваат застрашувачки како минативе сезони кога мелеа во вториот дел од сезоната и знаеа да врзат 15,16 победи по ред.Тука е и ЛШ каде Сити дава поголем преоритет со оглед само тоа им фали овие години.Секако треба и ние да си е завршиме сезоната со не повеќе од 4,5 утнати утакмици во остатоков од сезонава.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.